стане (гл.) - простум (прил.)

Овој се намурти кога Анѓа го фрли ибрикот и стана простум, тресејќи ја својата побелена брада со јад и силно се провикна – Тука да се донесе таа кучка врзана – и строго ѝ се овргли на Ајша, оваа излезе низ вратата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Толе стана простум, и како што беше поткачен на ѕитчето, излезе за цел метар и повеќе повисок од селаните, та сега можеа да го видат, и да го слушнат и последните од купот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Барам збор. Не само што сум ја кренал раката до истегнување во раменото туку сум станат простум и на прсти поткренат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)