стане (гл.) - сосем (прил.)

Фати врска со Саботско и Воден. Цела Караџова врие од аскер, а Мегленските Турци станале сосем кучиња по комитите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа и нашите решенија (во Смилево) станаа сосем самостојни: на никого не му падна на ум да предложи да се испратат нашите решенија на одобрение од ЦК.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Овојпат ми стана сосем јасно дека чисти зад секој што ќе излезе од тоалетот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А ти повели, па стрелај кога ќе ти се види најинтересно... (Го кине пликото.) ... само не заборавај, твоите истрели ќе привлечат овде луѓе, сеирџии и дека со тоа овој дом ќе стане сосем негоден за довршување на акцијата?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Од таа ноќ таа сосем се измени, стана сосем поинаква, немаше веќе змиски поглед, ами мек и кроток; го немаше она напнато лице од бес и незадоволство, ами отпуштено, женствено.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тиквешките и Мегленските потурченици — помаци — ги надминаа азијатските Турци од битолско прилепското поле со своите зулуми над своите еднородни браќа само од верски фанатизам и материјална корист — пљачка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)