стане (гл.) - сосема (прил.)

Меѓутоа, по разговорите на членовите на мисијата им станало сосема јасно дека било невозможно да се пристигне во Бугарија “според претходно разработена маршрута од Прилеп за Горна Џумаја.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Така нашите интимни разговори станаа сосема ретки.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Му станал туѓ, тежок, речиси неупотреблив и го изненади тоа што беше станал сосема самосвесен за секоја и најмала граматичка грешка или несовршен изговор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со тоа како да го снема и денот и неговата длабочина и наеднаш сѐ стана сосема, сосема празно и плоско.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Притоа забораваш дека во моментот кога ќе се оствари таа твоја цел, натпреварите ќе станат сосема неинтересни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе изгубат секаква смисла!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие што се сведени на степен на несериозност нема зошто да се однесуваат пристојно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Такви, без стегите на учтивоста, можат да си станат сосема незауздани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Понатаму, абјектноста може да биде еднакво моќна како гламурозноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наскоро лентата ќе се обои и летањето ќе стане сосема неможно.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)