стане (гл.) - темно (прил.)

Кога ја одвоив сенката своја, душаа своја и му ја ветив на Господа и ја пратив во селото Бродец, на планината Кара Дак, таму стана светлина, а тука стана темно, како што и прилега на гробно место на последен калуѓер и на друг смртен, кој ја пие водата и го јаде лебот донесен за калуѓерот од ноќвите на манастирот, од сенката на жена во црно облечена. Без лице.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој ја ведна пониско главата, така што лицето му стана темно и невидливо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)