стаса (гл.) - друг (прид.)

Кога стасаа другите двајца, Змејко веќе седеше крај печката, направена од големо бензинско буре, што се разгоруваше, а на ѕидот од греди висеше неговата пушка, сосема сува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој се стресе, ја тргна, се заврти, ја префрли бргу торбата преку рамо и со големи чекори побрза да ги стаса другите гурбетчии.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бран не може да стаса друг бран. Еден живот не може да стаса друг живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)