сте (гл.) - стане (гл.)

Кога дрвото покрај кое случајно минувате со задоволство ја претрпува болката од впишувањето на две имиња врз неговата кора со нож; кога истовремената појава на дожд од небото и солзи на вашето лице не може да се нарече случајност; кога светулка се дави во вирче, прета со наводенети крилца борејќи се за живот и притоа не заборава да ве награди со светлина; кога не знаете зошто одот одеднаш ви станува куц; кога не сте пијани, а од некои темни агли на едвај осветлената улица слушате тивко завивање и цивкање на куче; кога не знаете како сте станале дел од таква ноќ... сѐ што ви преостанува е да се гризете од бол и зачуденост.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ако више сте станале интернет џанкери, а не можете да се отргнете од тоа срање, единствена утеха е во тоа дека е боље да сте зависник од нет отколку класичен џанкер и да чекате на ред у Кисела Вода.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- И вие сте цицале Кока-Кола и сте им мафтале на оние „пуфни“ како cheerleader па не сте станале ненормални - велам дрско.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)