стигне (гл.) - глас (имн.)

А кога и оттаму, од Прилеп, стигнаа гласови, ги донесоа Максим Акиноски, Костадин Дамчески, Лазор Перуноски и Никола Анѓелов Јончески, дека никој ниту го видел Бошета ниту чул нешто за него и за некаков ајдутин.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Велат стигнале гласови дури долу, во Скопје, за тоа како селото се запустува оти еден старец се има заклучено во еден вагон и чека да го врзат за некој воз со кој ќе додрангори дури во Македонија.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Потоа стигна глас дека заминал за Франција.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)