стигнува (гл.) - таму (прил.)

Карванџиите ги убиваа, водата ја испуштаа од мешините, храната ја поганеа, коњите и оружјето ги пленеа, а војската, иако горе, на Чауле, гладна и жедна, не смееше да се симне долу, во полето, и да ги ограбува чифлизите; нивните стопани, Турци, имаа власт и над војската.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А како се стигнува таму, на зборното место? Кому да се јавам?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Да се уништувам тука, во овие коњски бараки?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ниту еден од карваните со зајре, наменет за војската, цел не стигнуваше таму; уште од местото на тргнувањето бунтовниците ги преследува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)