стиска (гл.) - ја (зам.)

Стискајќи ја цигарата со тврдите усни, тој чкрапна налутено со ќибрит и го забуца лицето во осветлените дланки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гробарот ја поттикнуваше родилката да бутка - „Ајде мајко, уште малку, главчето само што не излегло!“, со насмевка, иако благо стискајќи ја устата кога ќе се сетеше на дупката во која тоа сега мало и нејако тело некогаш ќе заврши, во рацете пречека здраво, машко дете, 51 сантим во должина и речиси 5 килограми тежина.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Часовите минуваа бавно. Рацете му малаксаа стискајќи ја пушката.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се вцрвив стискајќи ја шубарата. Мира ѓаволесто и насмевнато ме гледаше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И стискајќи ја под мишка топлата погача, почна да се качува по стрмнината.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)