стиска (гл.) - во (предл.)

Ги склопи очите и ги виде сите бројки - соседи: се стискаат во телефонска кабина а црната слушалка шушкаво го впива неговиот здив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Силвија има очи и одзади. Знам јас уште, ама не кажувам.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ви велам, што јас сум споила човек не раздвоил.  Што ако се модерни времиња, па се запознавате по улици и ашикувате по авлиите сè до доцна квечерина, а оние од вас најбезобразните, гледам, се среќаваат по ќошовите и се стискаат во сенките на влезовите од новите дорќолски згради.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во свеста ми се јавуваше руменоликата глава на воспитачот, сѐ така самоуверено исправена пред мојот поглед, под знакот на онаа курзивна максима од гимназискиот лист, - а мене сурово ми се свиваше тупаницата и ми се чинеше дека стискам во неа нож.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)