стисне (гл.) - око (имн.)

Се обидел да ја проголта горчливоста во устата и ги стиснал очите со дланка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едно време се сви, ја стегна тупаницата на левата рака и ги стисна очите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој стисна очи и се мачеше да се занесе, да не мисли за ништо. Но тоа беше залуден напор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ги стиснав очите и се совладав. „Што сакаше да ми кажеш?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не лути ми се, немаш зашто. Сакаш ли да се посмееме?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сонцето како на своја златна нишка да му се нишало пред испотеното лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)