стисне (гл.) - во (предл.)

Тој никогаш, па иако копнејќи, не ќе стисне во преград внук. ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Сликите, стиснати во рамката на отворениот прозорец, беа необично живи и подвижни, затоа во собата се беше во некоја темна, студена неподвижност, сѐ, дури и оној мирис што го имаа старите куќи во занемениот град.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пак се состави горчлив и накострешен за да ги стисне во себе како во склопен лешник прашањата на Отец Симеон и одговорите на Отец Симеон, две судрувања што го правеа да не биде еден туку двајца.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше фатен во клопката на самиот себе, стиснат во црн преграб на својата крв, се повеќе исклештен во неверувањето дека навистина сака да отиде на една планина на чии рабови уште малку и ќе умре летото разјадено од ’рѓата на есента...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Цивко, останувајќи сам, беше се стиснал во едно ќоше и се тресеше од страв.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Заседата на ноќта го улови неочекуваното, го стисна в стапица, изгубен и недооформен за судрување го покри со влага, сам пред смрт, без сведоци, во таа ноќ кога сите оџаци кобно згрчени над него како зли богови, како птици што ја чекаат својата жртва.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сѐ на сѐ четири остро потенцирани бои: црвена, модра, зелена и бела, задушено стиснати во дрвена рамка под златна боја со која се бојадисуваат мртовечки сандаци.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Градите ѝ бабреле, веќе биле допрени до неговото лице со многу врелина и морници на себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со чело го почувствувал брзите удари на туѓото срце што пуштало од себе невидливи жилички за да го стисне во нежна мрежа на чинки под чија лелеавост ќе заспие со машка недореченост на младата става изградена и склопена од безброј секакви сетила и непокорна на законите што важат за сите живи страственици, од најмалата и најбезначајната мравулка до човекот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дончо само насетуваше што значи зборот милување, нешто што кога по твојата глава поминува раката на твојата мајка или кога Митра те бакнува по образот или кога некоја тетка што не ти е мајка ќе те стисне во прегратка а тебе ти доаѓа да ѝ ги разголиш цицките и да почниш да смукаш!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Малата уста се развлекуваше како ластик, а очите, место да се стиснат во своите мускули, бабреа, се полнеа со солзи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)