стои (гл.) - јас (зам.)

Последниот, најголем бран препотување го добив кога веќе завршивме со обилната вечера и сите седевме врз столовите, офкајќи од прејаденост.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Александар тогаш излезе од неговата соба и како ураган помина пред шанкот од кујната, каде што стоев јас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Одеднаш тетка ми длабоко воздивна и шмркна со носот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Минути 0“
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
– „Ете јас бев, мајко, што ги зедов, ѝ рекол, ја качи се, бре Смиле, на куќа кај што стоев јас, побарај во сламата, ќе ги најдеш, земи ги вамо да ги видат за да поверуваат“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Наспроти мене, љубезно насмевнат, стоев јас.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Не сум стоел јас кога сум мочал, ти реков, тоа мора да...
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Братучед ми сигурно се вознемири затоа што шепотот му прејде во тивок, од нервоза растреперен говор: - Не сум стоел јас кога сум мочал, тоа... - не успеа да се доискаже бидејќи тетка ми го прекина со едно гласно „шшшшшт!“ па братучед ми повторно повтори со шепот, како претходно да не го слушнале.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)