стопли (гл.) - вода (имн.)

Запали оган да стопли вода во котел, па во дрвените корита со вруќа вода и пепел, кога почна да пере таа сиротица...цел ден.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Еј, стопли вода да се искапам, ми вели Јон, па да видам уште што остана живо во куќава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сепак, можеше да се измие, па попладнето стопли вода во котлето, го принесе до огништето дрвеното корито, го разгоре убаво огнот, пронајде во долапчето на ѕидот и малку сапунче, заостанато таму од летото, и се изми за првпат откако беше дојден потемелно, поубаво.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Стопли вода. Донесов кафе. Вистинско, чесен збор.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)