стравува (гл.) - за (предл.)

Но тој не стравуваше за живот и имот, него го мачеше мислата, што на моменти се претвораше скоро во извесност, дека војната ќе ги пресече патиштата меѓу него и неговото девојче, и дека никогаш веќе нема да го види.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во педесеттите години на ХХ век, откако Југославија се отвори и Сталин не се осмелуваше да ја врати во својата „братска заедница”, Татко немаше што да стравува за семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)