струполи (гл.) - во (предл.)

Зачудува како човечката рака, во бездната создадена од водите на Јантра, таму каде што таа како змија го заплеткала Трново, се решила да гради живеалишта кои окото човечко оддалеку ги доловува како да надвиснуваат, и, се чини, секој момент можат да се струполат во водите на длабоката клисура.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во еден момент, сакајќи да ги сними еленот и срната засолнати под големиот даб Ивона зачекори во празно и се струполи во длабочината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сепак, чашата се прелеа кога командирот на задругата Борис пред сите го нарече кочоперен јарец, за што од Никодина доби шлаканица од која се струполи во калта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мртвото мочуриште на тмурно непостоење мласкаше во нивните тела слични на чад; тоа лешински по малку подврискуваше и, веселејќи се како пред егзекуција, се претвораше во самото себе. Светот не постоеше.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Некои од нив испопаѓаа; потоа стануваа; Николај се струполи во една дупка.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нн-нее, но еј, види што пронајдов наместо тоа: Неколку блокови потаму од местото кадешто зборовиве и јас се наоѓа­ме меѓусебно како помалку или повеќе судбински предодредени љубовници, астрономите на Научниот институт за телескопски истражувања ја бараат изгубената Темна материја на космосот - тоа не е ситна загуба, бидејќи теориски опфаќа 95% од целата работа и е клуч за одговор на прашањето дали целата работа ќе продолжи и понатаму, ќе достигне некоја рамнотежа или со огромна воздишка ќе се струполи во Големо собирање.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Коњоштипите, богомолките и гасениците излапале сѐ, сега нив ги лапаат, ги кинат или ги смукаат стоногалки, жегавици и пајаци. Нема земја, нема ни луѓе ни птици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак зелено мирисаат пченки и ти раскажува некој со зелен глас: ако не се фатиш за нешто, за шурка небесна светлост или за опаш на магла, ќе се струполиш во шуплива бескрајност - ни над тебе ни под тебе нема ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега одеднаш нема граници за неговата хиперсензибилност, кога треба да се наслушне и најсуптилниот трепет на националната душа, сега тој е решителен и храбар кога стотици илјади луѓе треба да се подигнат од нивните огништа и подалекувид е од сите кога на тој народ треба да му се покаже некаков пат, исто онака како што е како вистински стоик мирен и сталожен кога истиот тој народ го здогледува струполен во провалија.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Мрморејќи нешто неразбирливо, наеднаш се отпушти, па изморен од чекањето, старецот заспа накратко, струполен во коритото направено од влажни црни гранки и мов.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Војната беше загубена. Се струполи во фотелјата и тешко воздивна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)