стрча (гл.) - накај (предл.)

Веднаш се стрча накај бакалот, купи три франџули и со трчање стигна дома, кадешто сите во тишина намрштено ја чекаа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се стрчав накај децата и Елена, им свикав брзо да заминеме и без ништо да им објаснувам ги поведов што подалеку од реката, кон Домот на Бегова Чешма.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Покрај фотелјите и каучот забележав и уредно здиплени чергичиња и се подзачудив за што би можеле да служат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дино само набрзина го голтна последниот залак од ручекот и тромаво се стрча накај кујната.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Занесени во нашата игра не забележавме кога дошла Кате од третата зграда.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Блеки, немирко низаеден! Така ли се бега од дома? Јас те галам - а ти си сакал другари. Е, Блеки, Блеки...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кутрето застана сред играта со нас и се стрча накај Кате.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го земав клучот од визбата, и чантата ја земав за на училиште, повтор да не се качувам нагоре и се стрчавме наудолу.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Еј, другар, да го викаме Црни!“ рече Дејко. „Важи“, реков, „Црни - а може и Мурџо. Може да има и две имиња: Црни-Мурџо или Мурџо-Црни.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го затворивме црното кутре во нашата визба и се стрчавме накај училиштето.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога ја здогледаа писателката како брза кон училиштето, Томе и Темјана со отворени чадори се стрчаа накај неа: „Мили мои, да не сум доцна?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Убаво беше?“ запраша, но не дочела да го слушне одговорот туку се стрча накај групата што веќе ги собираше столчињата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кога влегов во селото ми кажуваат децата: Тасета го утепаа!, и јас набрзина се стрчав накај дома. Куќата ни беше до реката.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Д. се стрча накај прозорецот, го отвори, и погледна надвор.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)