стутка (гл.) - лист (имн.)

А не... таа не заврши, го стегна во раката, го стутка листот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од првиот ден, кога влеговме во училиштето, од првиот клас, ѝ ставив до знаење дека ја сакам. Ѝ напишав песна; таа ја доби (на часот по биологија), ја прочита, се вцрви и потем го стутка листот и ми се чинеше дека сака да го сокрие, да го голтне, да го снема.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еве, како загубив уште еден лист: момчето што седи до моето девојче ме зграпчи и го стутка листот со малечки тркалца.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)