сугерира (гл.) - дека (сврз.)

Се чини дека една од причините е поврзаноста на овој проблем со филозофската определба на поимот ‘супстанција’.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Гамбони ја анализира „метафоричната иконокластика“ на авангардата, но никогаш не сугерира дека постои директен каузалитет помеѓу деструктивната реторика и постоечките случаи на вандализам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Всушност, проблемот „однос ’дух-тело’“ сугерира дека постои нешто како дух во смисла на нематеријална супстанција, која на некој начин е поврзана со телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дали може да се тврди дека иконокластичната реторика, што постои во манифестациите на раната авантгарда, подготвила основа за вистинска деструкција на уметничките дела и, во извесна смисла, дури и легализирала некои од овие деструктивни дела?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иследникот сугерира дека кралот, премиерот и него, солунскиот главен рабин, ги врзува една единствена јудео-масонска идеологија и тој така ја реди сложувалката од животот на архирабинот Корец.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се рабира дека бев уапсен со новиот претседател на Бне Брит, но сето тоа беше само и единствено прашање на воспоставен естаблишмент.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се поставува прашањето дали навистина може да постои употреба на јазикот која не е раководена од правила.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тврдењето на самиот Витгенштајн дека вокализациите на група туѓинци човек не треба да ги признава како јазик, доколку на овие вокализации им недостасува задоволителна регуларност (PI, I, 207), сугерира дека самата оваа слобода мора да има граници.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како што одбележавме и порано, изгледа дека Витгенштајн на интенционализмот му го припишува заклучокот дека разбирањето на правилото во некоја смисла би морало да биде инфинитарно по карактер, така што сите можни апликации на правилото на некој начин се присутни кај оној кој го следи правилото кога ги сфаќа неговите барања; и ова е она што Витгенштајн го наведува на платонистичка интерпретација на гледиштето, бидејќи тој сугерира дека некој го сознава правилото на сличен начин како што и шините бесконечно продолжуваат во иднината, па според тоа се однапред и независно фиксирани.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во овој поглед, обете гледишта се всушност едно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но ниедно од овие две тврдења не следи од првото, ниту пак разлозите за нивното порекнување ја повлекуваат невозможноста на првото.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ова, заедно со паралелните поенти извлечени во врска со првите две прашања, сугерира дека е можно да се раздвои Витгенштајновото гледиште дека значењето на изразите во јазикот, главно конституирано од правилата за нивна употреба, мора да биде јавно по карактер, од неговото гледиште дека не е можно нечие разбирање на некој израз или правило да се состои од една внатрешна когнитивна состојба на таа личност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се сугерира дека тоа семејство нешто таи, нешто скриено и недозволиво.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Посилен впечаток по својата физиономија остава единствено станицата „Лувр“, која исцелно аранжирана во стилот на музејските вредности и на патникот ненаметливо му сугерира дека на оваа станица треба бездруго да слезе за да влезе во музејот „Лувр“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој има информација дека некој голем издавач има намера на целиот национален пазар да воведе нов часопис наменет за поширок круг читатели.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На испитаникот му се сугерира дека во часописот се наоѓаат рубрики и статии коишто тој ќе треба да ги оцени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Пијаното без сомневање било софистициран симбол на Бојсовото лично сопство, бидејќи ја претставува неговата грандиозност и одалеченост и сугерира дека, детинесто, несвесно се идентификува со големината и одалеченоста на своите родители.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На пример, во Бериевиот парадокс извесен број се покажува И како дефинирлив И како недефинирлив, а слично е И со останатите парадокси на дефинирливоста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Иако ова овде нема да го демонстрирам, ова е структурата која се крие зад сите логички парадокси.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Неговата фигурална скулптура сугерира дека настојувал дури и да создаде сурогати на човечки тела од репроматеријалите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Токму затоа Макс Рајтман е во право кога, во “Le Monde” (од 23 јуни 1994) сфаќа дека Симан повеќе го сака Бојс како уметник отколку како политичар.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова сугерира дека Деридината противречност може да биде пример на парадокс на самореферентност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако Симан се однесувал како да не ја познава волјата на уметникот да побегне од системот на уметноста, тоа го сторил само за уште подобро да ја открие претпоставената вредност на делото на Бојс и поуспешно да ја вклопи, преку каталог, во серијата на “класици на ХХ век”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Користејќи го таквиот хаос и аморфност за “свесно да го затопли студениот, успиен облик од минатото, општествената конвенција”, на пример концертното пијано, Бојс го вратил во формативниот период и ја ослободил топлината што била кристализирана во него, откривајќи во него нов живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, греши кога сугерира дека Бојс е сепак подобар политичар отколку уметник и греши исто така во својата последна книга (2) кога го зема здраво за готово прочуениот концепт на проширена уметност и прави од месијанската визија на уметникот свој непремостлив хоризонт.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Болестите се секогаш духовни кризи во животот, во кои старите искуства и фази се отфрлуваат за да се овозможат позитивни промени.”
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој во своите скулптури ги испитуваше неорганските материи, како што се железото и бакарот, и органските материјали, како што се земјата и дрвото, како можни извори на физичка топлина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Всушност, се обидел да го оствари својот повторен развој.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Едната камера ја снима статијата што се чита, а другата го снима погледот на испитаникот, т.е. каде му е насочено вниманието.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во таа цел, Hence Dante Gabriel Rosseti 1861. година изјави дека работата на преведувачот во себе носи стремеж на себелишување и задушување на сопствените креативни импулси,сугерирајќи дека често преведувачот ќе се послужеше со идиоми на својата епоха и со свои сопствени, за да го разубави текстот, но само кога неговото би му припаѓало нему; често по некоја каденца ќе му послужеше, но за структурата на авторот - и по некоја структура, но за авторовата каденца... okno.mk | Margina #8-9 [1994] 27
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога Андре Лефевр се обиде да ја дефинира целта на Translation Studies, тој сугерираше дека намерата се состои во тоа да се „создаде сеопфатна теорија која ќе може да служи како директива во процесот на преведување“, и додека некои можеби се прашуваат за спецификацијата на оваа изјава, неговата јасна намера да ја поврзе теоријата со праксата е неспорна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ариеловото мокрење, на пр., почнува како интересен фројдовски коментар за инфантилните корени на желбата да се разгори бурата, но толку често се повторува што сугерира дека не е ништо повеќе од лична детска потреба на режисерот да го малтретира гледачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кратката студија на Ј. Ц. Катфорд од 1965 година, го зачна одговорот на прашањето за проблемот на лингвистичката непреводливост сугерирајќи дека: Во преведувањето разликуваме алтернативи на ЈЦ за значењата на ИЈ: под тоа не подразбираме пренос на значењата од ЈЦ во ИЈ.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како мудар остроумен набљудувач, таа ги погоди вистинските зборови на вистинско место.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
ПРАКТИКИ НА ЗНАЕЊЕТО
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова читање сугерира дека на конференцијата ќе се соберат луѓе кои мислат дека разговорите се per se тераписки, на потрадиционален начин, луѓето кои мислат дека терапевтските врски per se се факторот кој лекува во целата терапија. То ест, терапијата е разговор. 26 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој повеќе сугерира дека преку објективизација на секојдневниот свет, би можеле да станеме посвесни за степенот до кој одредени “начини на живот и мислење” го обликуваат нашето постоење, и дека тогаш би можеле да бидеме во позиција да избереме други “начини на живот и мислење”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Професионалните дисциплини се успешни во развојот на јазичните практики на техниките кои сугерираат дека токму тие имаат пристап до „вистината“ за светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога тоа не се случува, терапевтот може да помогне со поставување прашања кои ќе ја поттикнат индивидуата да генерира описи, споредувајќи ги со претходната доминантна тема.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Разгледувајќи ги импликациите на оваа структура во смисла на нееднаквост, на едно друго место сугерирав дека, во нашата култура, се чини дека мажите сѐ почесто се „инструментите“ на нормализирачкото набљудување, додека жените почесто се субјектите на ова набљудување (White, 1989). okno.mk | Margina #4-5 [1994] 59
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Осврнувајќи се на ова, јас не верувам дека тој предлага суштински поглед на себе, таков што индивидуите би се “пронашле” себеси.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Третото читање или подобро третото погрешно читање е засновано на граматиката на насловот: зборот „тераписки“ е придавка која ја модифицира именката „разговор“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Преку овие прашања, индивидуите кои се загрижени заради “губење на нивниот однос” (преходна доминантна тема), можат да утврдат дека промените во алтернативното ниво на акција сугерира дека тие се на пат кон “повторно воспоставување на нивниот однос” (алтернативна тема или контратема).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во својата анализа на Бентамовиот Паноптикум, Фуко обрнува внимание на структурата која е во сржта на неговото делување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова ни сугерира дека на оваа конференција може да се соберат луѓе кои спроведувањето на терапијата го гледаат како разговорна активност; интерактивна, конструктивна активност: терапијата опишана како разговор.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во една рака, тоа го зачувува процепот помеѓу аналитичката и континенталната традиција и сугерира дека емпиризмот или некоја негова англо-американска феминистичка верзија може да се спаси после сѐ ако му дадеме инфузија од Франција.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Генетската мудрост сугерира дека социјалните структури, долго градени, нема да бидат отфрлени заради неважни причини и минливи цели. Екстазата на мутацијата е балансирана со болката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но, кога огромна низа на злоупотреби и узурпации, кои сите без разлика водат кон истите деструктивни цели, ќе ја нагризат ткаенината на органскиот живот и спокојната хармонија на планетата, во ред е, органска должност е да се напуштат таквите морбидни собири и да се развијат нови посакувани социјални структури.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Досегашното искуство покажува дека припадниците на видовите повеќе се склони да страдаат, бидејќи злото носи страдање, отколку да ги отфрлат формите на кои се навикнати.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа, по некој внатрешен порив таа почнува да ги турка фотелјите, столовите, да расфрлува сѐ по собата, давајќи ѝ со тоа вид дека е таква по битка и сугерирајќи дека Младичот, по борба, му избегал на Фезлиев.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Некои еволутивни биолози сугерираат дека секој ентитет што може да се реплицира себеси, без оглед на природата на процесот, може да еволуира на идентичен начин на којшто еволуираат генетските суштества.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Потсвеста на Рада ѝ сугерираше дека резултатот може да биде и позитивен. Цела недела на зло ѝ играше око.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека есенцијализмот сугерира дека колективните идентитети како половиот, расниот и националниот, поседуваат јасно оцртани контури што опстојуваат без разлика на времето, конструктивистите сугерираат дека границите на сите идентитети се флуидни, оспорени и оспорливи, и непостојани во времето.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Под следните услови: Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Почна да му сугерира дека ете, тие старци толку се лоши, што и сопственото дете, него, Хелвиг, а и неговите синови, не можат да ги поднесуваат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Налик на непристрасен наратор, застанувајќи над и надвор од раскажуваниот настан, тој всушност, за време на сета сторија, сугерира дека е внатре, дека е вознемирениот глас на една неправедна војна, на една апсурдна и трагична војна...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Според неговите сознанија, животот се наоѓа во пореметена состојба, а лично тој беше повиканиот што треба да ја спроведе сложената терапија на неговото заздравување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Изгледа самиот си сугерира дека животот е задолжен да пронаоѓа начини како да ги исполнува неговите желби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Скептицизмот на Леинџ, човечноста и разбирањето за различните состојби на свеста беа во духот на Sgt. Pepper ерата, па затоа тој и се здоби со голем број следбеници на американските универзитети.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој дури сугерира дека шизофренијата функционално би можела да биде некој тип на самопредизвикано „откачување”, во цел на одбрана и лекување на емоционалните конфликти коишто на една конфузна личност � ги наметнува делумно пореметеното општество.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Вие можете да се држите настрана, од надвор да набљудувате што се случува и да употребувате нови концепти, артикулации и модели.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Некои општествени теоретичари сугерираат дека треба да се зборува за „доцен модернитет”, додека јас му давам предност на терминот „постмодернитет” кој поттикнува поголема интелектуална одважност - ослободувајќи ве од врзаностите за одредени артикулации типични за модерните времиња.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дерида исто така постави како хипотеза дека таквото мислење е невозможно денес, во ова доба, но тој сугерира дека ние можеме да го започнеме мислењето на маргините на метафизичкото категоријално мислење и спекулативно да ги следиме заобиколните патишта на јазикот наместо главната насока за која е постигната согласност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Наместо тоа, таа сугерира дека помалку треба да се мисли во смисла на копирање или репродуцирање а повеќе во смисла на тоа како јазиците се еден со друг поврзани.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Реферирајќи на Хераклитовата игра со зборови Hen diapheron heautoi како едно што се разликува од себеси, површински, во овој момент, Дерида сугерира дека референтната рамка на терминот “разликува” била загубена сѐ додека дефиницијата како онтолошка разлика била во преден план.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Наместо тоа, тој сугерира дека преведувањето попрво би требало да се посматра како една инстанца во која јазикот би се согледувал како секогаш да е во процес на модификување на изворниот текст, на одлагање и разместување на која и да е можност за дофаќање на она кое изворниот текст сакал да го именува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Како и Хајдегер пред него, Дерида сугерира дека целокупната “историја” на грчко- западната мисла - каде што метафизиката “нормализира” како во рамките на ападниот дискурс - може да се мисли како единствена епоха произведена со diapherein интерпретирано како онтолошка разлика. 74 Margina #10 [1995] | okno.mk Дерида е исто така сомничав околу тоа како биле преведувани грчките текстови и тој нуди поинаква интерпретација.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Деридиното дело сугерира дека теоријата на преведување може да биде најдобро “поле за проучување” кога би почнала да ги истражува овие нечујни траги, можностите што се покриени додека зборуваме.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дерида, напротив, изгледа сугерира дека играта на трагата никогаш не може да биде претставена, бидејќи кога е именувана, кога човек се обидува да го запре нејзиното движење и да ја сфати, таа диссеминира, се одделува и продолжува и понатаму да се движи, преминувајќи на друго место.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Најелементарниот бон сенс би требало да ни сугерира дека тие се измениле или повеќе ги нема на овој свет, но на нив никогаш не помислуваме.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Затоа Сарџент сугерирал дека било потребно да се испита "уште еднаш природата на овој стар и неразбирлив проблем за Македонија и нејзиниот однос за скорешната идеја за словенска федерација, вообличена од Југославија, Бугарија и Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во испратениот допис тие се осврнуваат на телеграмата на амбасадорот Рендел од 13 јануари 1941 година во која тој сугерирал дека Британците „би требало да ја употребат ‘Македонската револуционерна организација’“ и дека „сега тој е многу поубеден во својата сугестија отколку претходно“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Разбирливо е што Британците не можеле да останат пасивни и индиференти во поглед на опасноста за нивните интереси од активирањето на "македонското прашање" и поради укажувањата за формирање федерација меѓу Југославија и Бугарија, со што се загрозувале британските стратегиски планови "во градењето на Грција и помагањето на Турција како балканска сила".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во исто време, Министерството за надворешни работи го подготвило материјалот што требало да му се достави на британскиот амбасадор во Софија, Рендел, во кој, меѓу другото, стоело дека: "1) користењето на Македонците во никој случај не треба да го компромитира британското претставништво во Софија и 2) ние на Македонците не им даваме некои љуи про љуо во форма на некакво уверување во однос на нивните територијални аспирации".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Не можејќи да го занемарат тој факт, Амбасадата во Атина сугерирала дека било многу тешко да се изврши "трансферот на македонските Словени".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Уште поголемо вознемирување предизвикала и констатацијата дека "еден слободен и фер плебесцит би бил, според сите верувања, на штета на Грција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Поконкретно, Хејс сугерира дека Серловото свесно одлучување при имплементирањето на симболичкиот систем, иако тоа резултира во една каузална реализација на сите состојби, регулирани од сите правила, е на некој начин погрешен вид на каузалност! okno.mk | Margina #3 [1994] 71
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Со зборови на Rychlack: Kant сугерира дека човечките суштества се опремени со a priori категории за разбирање кои го предицираат искуството од почетната точка.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Идејата за имплементирачка-независност на компјутационалното ниво не допушта тука да нема имплементирање, таа само сугерира дека како и да е имплементирана програмата тоа не е важно за разбирањето на тоа што таа прави.”
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Философот Нед Блок сугерира дека не постои никаков разлог свесното имплементирање да не е реално.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тој сугерира дека една програма бидува имплементирана (спротивно на псевдо-имплементирана) само под извесни услови и не поинаку, дури ако и „реалните” имплементирања и псевдо-имплементирањата поминуваат низ истите чекори, оперирајќи според истите правила, на истите влезови, произведувајќи исти излези.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)