суди (гл.) - совет (имн.)

Инспекциска заштита, односно интервенција во согласност со одредбите на овој закон може да побараат и лицата пријавени на јавен оглас заради вработување (чл. 16, ЗИТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Барањата можат да се истакнат во една тужба само ако судот стварно е надлежен за секое од истакнатите барања и ако за сите барања е определен ист вид на постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако за некои од барањата истакнати во истата тужба треба да суди совет, а за други судија поединец на истиот суд, за сите барања ќе суди совет (чл. 178, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Инспекторот е должен, во текот на траењето и по престанокот на неговата функција, да ги чува како службена тајна сите податоци што ги дознал при вршењето на надзорот, кои со пропис или со општ акт на работодавецот се утврдени како државна, воена, службена или деловна тајна, податоците за работникот кој ја поднел пријавата за сторените повреди на прописите, како и податокот дека надзорот се презема и врши врз основа на пријава.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во прв степен споровите ги суди совет или судија поединец.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)