суди (гл.) - по (предл.)

И татко ми, сиот полн со гордост, бидејќи толку богато ја снабдил трпезата и за овој Божиќ, а можеби мислеше дека е побогата од било која измината година, судејќи по бројот на гостите што беа собрани кај нас, го дофати со дебелите прсти, најголемиот нож што го имавме дома и ја финишираше постапката околу черечењето на беспомошното јагненце, кое за среќа не беше сведок на настаните.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Немања Митровиќ, во оваа „Маргина“, е српски пандан на Д. Угрешиќ, барем ако судиме по егзилот. Тотално аполитичен.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Некои работи останаа некажани, секој нека суди по свое. Романот го посветувам на сите што научиле како се сака....!
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Многу е рано наутро да се бакнуваат по автобуските постојки, ама под железничка има двојки кои се разделуваат пред пат, или се сретнуваат по одмори, па денов ми продолжи во слики на љубовни изливи и страсни прегратки, и, судејќи по тоа на колку вљубени им бев „позадина“, утрово има љубов во градов наш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Судејќи по мојот стан, јас го мислам спротивното.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Да земеме да набљудуваме земја во која се забранети сите видови дроги, дури и марихуаната, а во која сепак не се воочуваат штетните последици кои поборниците на легализацијата би можеле да ги предвидат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Улиците не се преплавени со вооружени млади деликвенти, стапката на убиствата изнесува една петина од онаа во Соединетите Држави; проблемот на наркоманијата е мал и судејќи по сѐ опаѓа; уживањето на хероин е под контрола, кокаинот претставува мал проблем, додека крек речиси и нема.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Може да биде студентка или асистентка по архитектура, а можеби, ако судам по извалканите патики од најскапа марка и седефестите рамки на очилата, размазена ќерка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)