судри (гл.) - око (имн.)

И огледало веќе не употребуваше при чешлање на косата за да не си го види лицето; па дури и на изворот кога полнеше вода со ѓумовите, не си го загледуваше својот лик во водата; кога врвеше низ манастирскиот двор кон црквата да се моли, минуваше со забрзани чекори за да не се сретне со погледите на манастирските слуги кои зрчеа во неа; и кога ќе минуваше крај чардакот каде што седеа полковниците, ја вртеше главата за да не ги судри очите со нив; но Бонети ја гледаше упорно и пред очите му излегуваше она нејзино прекрасно тело, кое тој во текот на епитимиите што ѝ ги правеше отец Иларион, ѝ го гледаше скришум низ прозорчето поткачен на столче; гледаше како отец Иларион ѝ го покриваше со покривката голото тело допирајќи ја со прстите по меката кожа што во студената ќелија ѝ гореше; го гледаше тоа голо тело, како и возбудата на отец Иларион кој се кршеше во себе и се мачеше да се воздржи, одложувајќи можеби за подоцна, кога ќе ѝ преболи болката, кога ќе се вразуми.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сега можеше да биде чуено и она нивно тивко, цвичливо скимтење, кое секој од нив го продолжуваше како некое само свое тивко мрморење, тоа се престоруваше во ужасно заканувачко 'ржнување само кога две од тие остри вретенести прилики ќе се судреа очи в очи, или кога ќе се разминеа само за еден мигновен чекор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)