сум (гл.) - добие (гл.)

- Јас од Грците во нивните затвори и суви острови повеќе ќотек сум добил отколку леб и вода.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Што имаат Холанѓаните? Воденици? Лалиња?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
•Филмот доби еден „Оскар”, зарем не? •Хичкок: „Да, за најдобар филм на годината.” •Тоа е единствен „Оскар” што сте го добиле? •Хичкок: „Јас никогаш не сум добил Оскар.” •Но, сепак, тој за Ребека.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
(На оваа финта стално сум се кладел у опклада и стално сум добивал.)
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Господе, да не сум добила нешто огница, што се вели, тифус или маларија?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но оној пат ги замрзна сите кога гласно рече како мисли дека сум сајбер-панк верзија на Рудолф Валентино.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таков комплимент не сум добил уште од академијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И така, Џон се соочувал со тешка битка во обидот да си ги завери мажествените исправи, па му требала сета помош што може да ја присобере, а која мојот скандалозен предмет баш и не му ја давал. (Можеби вреди во врска со ова и да се каже дека за мојот предмет никогаш не сум добил приговори од геј-мажи што се гордеат со својата флагрантна женственост и што се исплашиле дека тоа што во описот на предметот ја спомнувам „мускул-културата“ може да наведе некого по грешка да мисли дека и тие се некакви типови што се носат војнички или дека се некакви забегани фитнес-отоци во тренерки, кои обожаваат тимски спортови и немаат никаква смисла за духовит збор.) ‌Главната причина поради која не би било мудро да се отфрлат приговорите на Џон со некаква праведничка самозадоволност или со некаква покровителска надменост е што на тој начин би се потценила нивната политичка моќ и би се превидело дека се втемелени во еден конкретен спој на општествени и историски настани, за кои, всушност, даваат важно и корисно навестување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа ме знаела уште од бебе, уште од првиот ден кога мама и тато ме донеле дома и веднаш сум се разболел, сум добил ангина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А таму, во ординацијата - докторката Горица.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Како ништо да не се случило, како да не сум добил пари.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)