сум (гл.) - замине (гл.)

- Ова белово плико ќе го отвориш кога ќе разбереш дека сум заминала на оној свет, кај ангелите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дека јас дефинитивно си заминувам, како што сега, гледаш, сум заминат од оној свет што е преку оградата, од кој ти доаѓаш.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но најмногу од сè ме притиска мислата дека сум заминал во мисија и со внатрешна порака што никој не ја разбра и прашање е дали воопшто ќе биде разбрана во иднина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со тоа, ако не се декларирате како народен уметник вие автоматски станувате болшевик и марксист, а штом сте тоа, вие немате духовен свет, не ја сакате татковината (многу години подоцна, откако заминав слушав сѐ уште коментари дека сум заминал затоа што не сум бил никаков патриот!), немате однос кон историјата и редовно имате руина од семејство.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
6. А кога се вратив назад од Дамаск, узнав за нови несреќи: дента кога сум заминал, логотетот, со царски указ, со печат царски му го сменил името на Стефана, и тој веќе не беше Писмородец, туку Лествичник!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас само што сум заминала, по состанокот, тој веќе дошол.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Сѐ уште не сум заминал”, рече Дејв.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Нигде не е запишано кога сум заминал да живеам со моите во предградието, ама секако било веднаш по доаѓањето на вагонот со нашите работи, значи меѓу првиот и осмиот ден на ноември истата година.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И. К.: Ништо, бајката за рајот сѐ уште е бајка.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И. К.: Овде сум, но во минатите шест години чувствував дека сум заминат, не низ дупка на таванот, туку низ врата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)