сум (гл.) - копнее (гл.)

- Можеби. Но јас никогаш не сум копнеел по дијаманти, Моето богатство се моите доживувања. - Овие доживувања – денешниве?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Пупи Паф. Врати се со твоите нови пријатели во Шумшул- град и потоа, откако ќе ја прославите победата, Побрзај кон Пупифанија.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во ноќите во кои сум копнеел по телото на Луција, не сум предвидел таков потег; имаше во тој потег нешто сосема студено, рутинско, клиширано; оној кој гледал како пајакот ја плете својата мрежа, знае дека тој тоа го прави со геометриски студена прецизност, според сосема јасната самосвест за сопствените анатомски можности.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)