сум (гл.) - легне (гл.)

На 28.10.1951 ноќта, според белешка во Дневникот, сум легнал околу 11 часот, без да одржам час по математика со Фодулчето. Причина: сум бил на кино.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Беше сум легнал на снегот, крај патот, и беше сум заспал. Со некој убав и шарен сон. 254
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што туку сум легнал, некој тропајќи ја затресол бараката.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Сношти ми рече, зошто сум легнала, вели, зошто не сум те чекала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А може, заглушена од пукањето, сум легнала меѓу мртвите, сум се изгубила.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Легнувам, а мислам дека не сум легнала, дека сум се свиткала некаде високо над рогузината, над ложникот. Како црвец во кожурец.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И згора на тоа, сепак, толку ме одвлекуваат по себе што заборавам дека овде сум легнал да заспијам, а не да го мислам: несмисливото.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сигурна сум дека од оној пат, кај камењата, не сум се составила со Никифор. Не сум легнала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)