сум (гл.) - мажи (гл.)

Беше женет, му ја видов бурмата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Не, не сум мажена, дури немам ни дечко.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не знам кој е тој, но ќе знам штом ќе го видам, и тој ќе личи на нешто, и нема да се курва.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Или тапиите дај ги, велат, или омажи се! - Па јас сум мажена, велам, при жив маж ли да се мажам?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Инаку, ќе го стрелам, и било кој маж кој би ме изневерувал. Како оној во пералната.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ уште не сум мажена затоа што не сум го нашла правиот човек.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Гледав дека се загрижени што сеуште не сум мажена.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)