сум (гл.) - пристигне (гл.)

Велејќи му го ова се надевав дека всушност моите размислувања за она што се случуваше по коридорите му ги испраќам нему.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Излегува дека во Скопје сум пристигнал исто во неделен ден.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- А јас бев со впечатокот дека вие мислите оти сè уште сум во ходникот; дека не сум пристигнат – реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Според записот во првата тетратка од Дневникот, третиот пат во Скопје сум пристигнал на деветти во деветтиот месец од 1951 година. Записот е направен во Скопје.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нели, токму тоа беше најприродниот начин да ѝ соопштам на странката и на потчинетиот дека сум пристигнат!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)