сум (гл.) - работи (гл.)

- Ти си снимал филм? - Не баш дека сум снимал, ама сум работел во екипата што снимаше филм. - За Маврово? - За Маврово.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
-„Море не ви кажувам, бре браќа, приказни, им рекол Силјан, ами ви кажувам вистинско сторење и патување мое, и преѓе ви кажав и сега ви кажувам оти штрк бев и во штркова земја бев, две лета тамошни сум работил полска работа во куќата од штрковите наши што се на нашава куќа.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Цел живот сум работела, бидејќи сум морала, сум се вклопувала во нечии шеми, никакви креации, никаква слобода во работата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ти треба да ги знаеш луѓето од твојата бранша.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Еве послушај? без мерак и без срце сум работел.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Краста: Во моите филмови никогаш не сум работел со црнчиште. Ги мразам тие орангутани!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
ХЕРЦОГ: Ве праша ли вас некој за оценка како сум работел? КЛАУС: Да.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)