сум (гл.) - седи (гл.)

Ми го покажа писмото, објаснувајќи дека претставувало благодарница, или нешто слично, а му ја испратил некој од несреќниците кој негде во раната пролет седел на истиот стол на кој сум седел и јас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Никогаш не сум седел многу во Најт Таун.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Монтале Мајко, никогаш не сум ти се обраќал никогаш не сум седел на твојот скут, не сум се држел за твоите плетенки.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Како да сакаше да ми рече: столот на кој седиш ја претставува вашата заедничка судбина но при услов да ја имаш истата среќа што ја имаше и тој.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сум седел и со гол газ на куп мраз. Цели часови. Резултатот, Нумо, ист како и со маслото.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Па јас толкупати сум седела со неа, таа прва ми ја соопшти смртта на Сталин...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)