сум (гл.) - слуша (гл.)

Е, а како се прави тоа, шпиртосувањето? Никогаш не сум штавувал птици, само сум слушал за тоа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
ТВ ЛИЦЕТО: Сум слушал за нив многу приказни од баби, дедовци, прабаби, прадедовци и водоинсталатери.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Баш е сладок. Цакан. Ха, ха, добар е. Срце.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Во животот сѐ уште не сум слушнал човек што ќе каже: „Леле луѓеее, да можевте да видите, поточно, да можевте да слушнете, каков аплауз сум упатил на актерите на сценскиот живот“, затоа, пак, многупати сум слушал како некои чинители на духовните добра се фалат токму со гласноста и времетраењето на аплаузот што им бил упатен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Му одговорив дека не знам, и дека денес цел ден не сум гледал ниту телевизија, ниту сум слушал радио.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Какви не приказни сум слушал таму.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И веднаш пред да бидам сигурен дека сум слушал и сум видел нешто, визијата се распливна, ослободи простор за ноќта на која не можев да и избегам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бездруго дека далеку повеќе сум слушал од него отколку што тој прочитал мои текстови, иако знаев дека со себе, во внатрешниот џеб на кожената виндјакна, носи книшка од цариграскиот поет Дагларџа и понекогаш ја прелистува и ми преведува стихови што го освоиле.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Да не претеруваш малку, велам. Не претерувам, вели, многу сум слушала за нив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Станав, земјата беше студена.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Тој не се плаши ни од дедо ти, ни од неговата сенка, ни од тебе. Јас сепак знам, сум слушал.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сум читал или сум слушал некаде дека онаму кај што молчат гробовите, го снемува животот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ж: И тоа ќе биде.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Толку многу сум слушал за него но уште не сме се запознале.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А потоа братучедот Коте, рече: - Од дедо ми сум слушал дека на времето нашите доаѓале на пазар во Битола.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сум слушал... - Кажи им ти само. Кажи им, го бодри дедото и се потпира на земјениот ѕид.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сум слушал од луѓето, ѓаволско е тоа, може да изненади. Не знаеш кога ќе те сниша.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ги има и такви, само не сум слушал да се фалат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ако, си мислам, нека се најдат. Од сливите, сум слушал, многу ракија излегува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Сум слушала, сестрице, ми вели Уља, две гропчиња за кусо време да отвориш... вели и подзапира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)