сум (гл.) - стане (гл.)

Не плачи мајко што настран сум станал времето е модерно, времето е анал педер да бидеш ич не е срамота таквите најмногу ги примаат на работа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Во мојата природа има нешто многу еснафско: веројатно затоа сум станал адвокат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се чувствувам како да сум станал од електрична столица.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Светлото надвор од мастилаво црно се претвора во сино.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Барам збор. Не само што сум ја кренал раката до истегнување во раменото туку сум станат простум и на прсти поткренат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се вознемирував секогаш кога ќе откриев дека сум станал предоцна, сум изгубил, значи, некое време, во кое сум можел нешто да сторам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сум станала некоја питачка, решетарка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одам: лева нога, десна нога, не знам која нога ќе ме задоцни. Мислам: мивка, бришка сум станата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Велат дека во страдањето душата поцврсто се држи за телото, но јас веќе сум станала неотпорна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали што сте, ве молам кажете ми да се уверам, оти на ум сум станал со вашава приказувачка“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Би се согласил со твојот предлог. (Не знам дали во последно време сум станал волку попустлив во сѐ.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Првпат сум имал чудно име - Дмитариноариј.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со второто име сум станал ова што сум - и Дмитар и Пејко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Прелесно сум излегол од нивниот семеен стратегиски видокруг на спасот на семејството.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пребрзо сум се препуштил на ризикот да излезам од помирливата егзилска судбина и сум станал дури и амбасадор како туѓинец на земја што повеќе не постои!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дали што сте, ве молам кажете ми за да се уверам, оти на ум сум станал со вашата приказуачка.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Еве за ошто знајме ние сѐ што имате дома, Силјане - му рекле - оти ви седиме на куќите; ние се прајме штркои, Силјане, и ви идиме во вашето село и во сиот виљает ваш.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
По неколку дена ме повика на ручек дома ѝ и со баба ѝ ме распрашуваа од каде сум, и како сум станал гробар.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Толку време помина откако сум српски војник, си мислам, и сигурно сум станал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А може и да сум станал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А јас, ти велам, ко ветка сум станала, без тежина, без ништо да ми се гледа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оф, дебам мајче, си мислам, веќе сум станал Србин, сум напреднал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Станувај, велам, дури не сум станал јас. Жената ги зема стомните и оди на чешма. Оди и се враќа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)