сум (гл.) - трча (гл.)

Цел живот сум трчал низ полето и селото, чувај го, барај го овој, барај го оној и - ништо!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Дали она кога ме исмејуваше оти сум трчал како патор пред да заплива по водата во ѓолот, или поради оној настан од подоцна, кога нѐ качи во разурнатата Кула, нас неколкумината пријатели, за да нѐ подучувал божем кои се вистинските знаци на замомчувањето и за да ни објаснел кога и како се случувало тоа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И после само да трчам, низ цела планина сум трчала и сум викала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само сум трчала низ гумното, а тие трчале по мене, и ме прашувале: што е, што ти е, а јас само сум трчала. Не ги слушам, не ги гледам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И јас божем трчајќи кон среќата сум трчала кон она другоно, црнилото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Никогаш така не сум трчал по угорница: зазбивано и молневито се пробивав низ калливи трапишта придржувајќи се со рацете за шибјето отстрана.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)