сум (гл.) - јас (зам.)

После ваква вечера, се вративме на Карт Бланш. (...) Кога луѓето објаснуваа кој сум јас, велеа: “Енди Ворхол, Поп уметник, или Енди Ворхол, андерграунд филммејкер”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но не сум јас единствената што бележи на својата кожа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Најтешко ми е што сега не знам кој сум јас.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Не бери гајле за децата кога сум јас тука, - му рече на татко ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таква сум јас сега. Жалам. Таква не бев...
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Е, тоа сум јас!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дење-вечер се за тебе се молам Костадине, да те чува господ од лошо и на мајка да ми останеш жив и здрав...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Во овие часови на осаменост го слушам гласот на тивкиот убиец.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој мој деденце е виновен за она што сум јас денес.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Значи, сепак, загубениот сум јас! – Се досети Дедо Мраз, па откако раката му помина низ лицето и увиде дека ги нема мустаќите, брадата, побрза да се покрие со шапката, па да праша – Господа, дали нешто видовте на мене?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
“Ако сакате да знаете сѐ за Енди Ворхол” кажа тој 1968-та, “погледнете ги моите слики и фил­мо­ви, погледнете ме мене, и ете.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јас не сум јас и ти не си ти. Јас сум ти, ти си јас. Толку сме туѓо наши. Ничии, а сечии. И сепак... само свои.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Да, тоа сум јас. Ова русокосо ангелче!
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Горди се моите на мене, горда сум јас на себе, милина една.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Травар не е, не сум јас таа среќа, повеќе е трепкач засрамен од сам себе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас сум Нероден Петко и таков ќе си останам се додека не се најде тој што ќе ми покаже дека имам мајка, таков сум јас.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кај ли скита?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Си го мириса потеклото а тоа му создава сигурност дека ќе расне и ќе биде она што сум јас.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На Сотира Витанов сум јас, ако го знаеш.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Цел ден ја газам оваа калдрма и ноќе излегувам дури горе, на раздрумот, со надеж дека некој од шоферите ќе ме земе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
ИЛИЈА: Не сум јас изветреан или пак кокошка ми го испила мозоков, та да влезам неиспитано.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Брат ми ја забележа мојата дилема и божем ми дотура кока-кола, се приближи до мене и ми намигна соучеснички.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тука сум јас, биди си без грижа!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Тоа сум јас ваше превосходство, засега сум само јас“, рече Лебезјатников.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Немам причини да се жалам на животот. Еден контрабандист како што сум јас живее храбро, интензивно. Како зината челуст на вулкан.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Знам, вие ќе речете дека љубопитствата од ваков вид во овие установи не се пожелни; Знам, знам, се согласувам; но треба да сфатите дека не сум јас тој што прашува туку прашува едно мало дете; Знаете, тој ваш шеф, Бунде, или не знам што точно ви се паѓа, нас, децата од нашата улица, нè качи во градската кула и тоа дури на третиот кат!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Попуслив човек сум јас. Сепак отидов на гробиштата колку да не ги оставам луѓето на цедило. Оние што не се ни криви ни должни.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не сум јас мала, разбирам дека ти е таква работата, поврзана со одење на странски филмски фестивали, и не се бунам, трпам, те чекам да се вратиш, тешко ми е, ама, што можам кога таква мајка ми се паднала, да мора службено толку често да патува... ... – Е, како често? – ме прекина таа – најмногу два-три пати годишно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дали навистина можела така да мисли?.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Слушате ли, бројки, тој коњ сум јас! И тој кловн сум јас!
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Само поинакви – до нокти спепелени.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Што сум јас будала и се замислувам за работи кои сигурно Илија во најскоро време ќе ги реши?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Духот наеднаш се губи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
ТЕОДОС: Речи што сакаш!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А во ноќта, пијан и зол, удираше по вратите на станарите од Нојовиот ковчег, се кикотеше и липаше, беше страв и ревење за судбината на некаков коњ (Слушате ли, бројки: тој коњ сум јас!) за некаков кловн што умирал секој ден (И тој кловн сум јас!), за Јана (Мајко божја, зол е твојот син Исус!), за се, за се, и се колнеше дека никому не му донел добро - се до својот кошмарен и немирен сон простувајќи се од својата будност со закана дека ќе го дигне во воздух Нојовиот ковчег.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ми се плачеше од мака. Не знам дали повеќе поради тоа што ја фатив дека ме лаже, или поради тоа што не сакаше да го носи мојот толку прекрасен прстен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ах, колку сум јас растревожен!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ВАСИЛКА: Штом е за невестата да ми заигра во куќава — тука сум јас!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Не, ова не сум јас.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
„Не сум јас како него и нема да бидам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако сум јас груба и остра, тоа ти си тој што ме направи таква.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Чекањето си има ред и крај. Не сум јас задушна баба!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Па не сум јас единствениот изрод и бастард на хрватските и бившојугословенски прилики. Како е да се живее во Виена, а да се пишува за Хрватска?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Која сум Јас денеска?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тие знаеја дека сум јас и нервно болен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Штом сум јас со Бреза, нејзе ништо не може да ѝ се случи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Молам, господата да влезат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А што е надвор од мене, тоа веќе не сум јас.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Оваа ја наведе главата, а поп Димитрија му одговори и тој сега по каурски. – Од Прилеп, честити царе! – He сум јас царот, старче, не!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Само за да ни ја покажел неговата машка гордост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или сум јас таа вистинската, таа од утре, задутре со сите прифатливи и неприфатливи маани кои сега не можеш да ги видиш од мракот што на очите ти паднал како завеса... и сè ти е совршено.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Невозможно е, мислеше. Тоа не сум јас.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нема да останам во минатото, љубовта не е дух, судбината не е предодредена, судбината ја градиме ние, не се откажувам, не е завршено, бескрајот е последна станица а во следниот перон сум јас, тргнав за да бидеме заедно, зошто никогаш не се изгубивме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Познато е дека луѓето под маска доживуваат еден вид транс, затоа што се наоѓаат на тенката линија меѓу идентитетот и алтеритетот, меѓу она што сум јас и она што ме прави маската (не-јас); во таа двосмисленост на идентитетот (како и кај проклетиот формулар што се вика пристапница) се состои трансот, карневалското чувство на еуфорија; во такви услови анално-гениталните опсесии стануваат неминовни (по тоа не се разликуваат партиите и карневалите); и треба да се види допрва зошто двојството на идентитетот, по правило, кај сите народи и култури, се сврзува со анално-гениталната метафорика.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Независно колку сум јас на време или не. А времето само што не ми поминало.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се сетив за светецот што боде со три запци чудовиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Овие прашања порано не си ги поставував, а сега сè почесто ме мачат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ИЛИЈА: Антице, не си вдовица додека сум јас жив...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А меѓу нив сум јас - црна, кадрава, гладна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Тогаш не е вистина дека си ти.“ „Што дека сум јас?“ „Ти не си оној што го уби Осиповото воле. И не му го грабна залакот на старецот Неделко Шијак.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Старецот ги слушна зборовите некаде на површината на својата нежива свест; и одеднаш нешто во него се сепна, напрсна.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Ќе му кажам...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Кој сум јас? Ти се шегуваш, не јас, - се поднасмеа момчето и плукна низ заби.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ми подава писмо, дали сум јас Никола Боткин ме прашува иако знае и кој сум и што сум, и зошто го гледам со недоверба.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„А бе, знааш ли кој сум јас“ – ме пите, а не супира ут смех.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
-Сега знаете ли кој сум јас? Значи, тука некаде сме.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тоа ли е иднината, кој сум јас, кој си ти?
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
“Човек од кариера, ете тоа сум јас.”
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Што мислиш, срце, дали сум јас нов Исус распнат на класов крст? Размисли и побарај ме денес на плажа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Што ќе им сум јас жив? Да сум некој офицер - у реду!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш тој на децата им рече вака: - Знаете ли кој сум јас?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ене сум јас, извикувам, ене сум, залепена метална плочка врз мермерот која не ќе можам да ја допрам.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- Не гибај ме, Миле, не сум јас за таа работа, - продолжуваше тој.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Итра сум јас, знам како треба во такви ситуации, но кога дојдов до моментот со велосипедите, малку подзастанав, сѐ уште нерешителна дали да пријавам дека кога сме се враќале од насипот сме виделе дека ни ги нема, или...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И животот бележи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Е, ама сега најнормално би било да се прашаш: „Која сум јас навистина?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мене телото ми го растресе немир. Каков карактер сум јас, со оглед на црните луѓе, се запрашав.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Те фатиле затоа што си се уплашил. Откако те нагмечиле в затвор почнуваш да се лажеш себеси и да се тешиш слободен сум јас, мили луѓе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Тоа сум јас кога немаше кој да ме слика“ или „Го пробувам макрото на новиот Канон“, би биле соодветните наслови.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Не сум јас страшлив, чорбаџике, ама нејќам ни да се правам овде некој Марко Крале.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ме опфати необјасниво чувство на самопрезир и вина, но и увереност дека сето тоа е безначајно: зошто беше важно што чувствува Ема, каде се движат нејзините размислувања, што е таа самата во сопствените очи, што сум јас во нејзините очи?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не сум јас од тие, вели, на клепки ни се обесува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Затоа ти е гајле да немаш додека сум јас овде проедрос.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Началниче, вие злоупотребивте искрено пријателство меѓу две жени од кои едната сум јас.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ама не сум јас за крадење, си велам, немам таква дарба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сум јас кум Давадос, туку чорбаџи Теодос! Разбравте?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Изговори махинално, придушено: -Дете... па тоа не сум јас... не сум јас... тоа е... тоа е...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
” Кога ќе кажевме дека сме од Њујорк, се ѕвереа уште повеќе бидејќи сакаа, како што рекоа, да нѐ снимат што подобро.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не сум јас револуционерен тип.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Еурека! Конечно сфатив, но што сфатив?! Вистината, за тоа каде сум јас на овој свет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Го вадам од кафезот... го бркам таков, во кимоно... го влечам целиот по скалите... Margina #21 [1995] | okno.mk 125 Надвор, во слепата уличка, се наведнувам над карпите, се обидувам да здогледам сè до мостот, под светлата...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Всушност, постои тенденција да веруваме дека докол­ку една индивидуа, уметност, култура главниот акцент го става на својот надворе­шен изглед, постојат причини да веруваме дека зад таквиот став се кријат многу случувања.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Тоа, сепак, сум јас“, си рече и почувствува порив да се улови самиот во мигот, да се заклучи, да се самозароби во кафезот на нова слика, што по обичај ќе ја насловеше „Автопортрет“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Впрочем не е важно дали сум јас жив или мртов. Тоа јас си го знам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мајка знаеше дека сум јас, дојден по неа, да ја земам кај нас, барем додека не се стопи снегот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
”Но зошто тоа да ја сум јас”?
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Коњот го издаваше кога требаше да се засолнува за да биде онаму каде што сум јас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не мора да си добро платен психотерапевт од Роуд Ајленд или од Вермонт за да ти текне дека Мајра е моја Кетлин, а дека орангутанот сум јас. Ова беше поинакво..
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
- Не сум јас, учителе, друг го има напишано. . .
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Вели: „Прилично се пукаше тој ден.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Овде ќе размислува за патот што го изминал во својот живот, овде, без сведоци, ќе се растажи. не сум јас она што бев, мислеше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ми подава писмо, дали сум јас Никола Боткин ме прашуваа, иако знае и кој сум и што сум, и зошто го гледам со недоверба.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Додека јадевме, јас патем, божем случајно, му реков: - Да сум јас таа девојка за која што зборувавме, не би се мислела.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа сум јас. Еј џукело Ќе се сретнеме пак. И ќе ти кажам еј како те сакав куче едно.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Ама за Томче... Како господ те молам... Мајка сум...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Долго време не се чувствував која сум јас вистински.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И која сум јас, како перзистирам, а околу мене ескалира оваа ноншалантна, патогена човечка рамнодушност, вициозност, расипаност, порочност, го живеам ли својот живот, ќе почуствувам ли евтимија и етернален спокојот на сопствената умирачка.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Цепки сум јас, кога ќе се потрудам...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Е, тој сум јас вујко ти Анѓеле, за кого ти прикажувала мајка ти.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Човештвото сега нема потреба да ја знае тајната што јас ја открив зашто сите се веќе таму, односно тука каде што сум јас.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Е, не можеш, итрица сум јас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И после, тука во прашање сум јас а не кој и да е раетин.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе ја задавам! Ќе ја видам како прета оваа!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Слушам и гледам - сте ги прифатиле трите романи за Милосија - всушност, тоа сум јас, значи, сте ме прифатиле мене низ растењето и созревањето на девојчето, низ животните патила.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
“Am I myself”, зарем јас сум јас, се прашува еден од Дромите во Комедијата на заблуда.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Навистина така мислиш? – ме препраша задоволен. - Се разбира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се потрудив да ставам знак стоп на опасности, но тоа сум јас.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Моето богатство има име, тоа сум јас, Божјото во мене.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Кој е тој? Кој сум јас? Кои сте вие? Се прашувам Ве прашувам Ближни мои.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Се одродив од сите, најблиските ми изумреа, сега сум јас како некоја девојка која не се омажила навреме и гледа кој било да го земе само да не остане немажена.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Дали сум јас за суицид или пак, некои од оние во театрите?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Да е Игбал од овие нашиве момчиња сигурно би ми рекол, ај не зафркавај, не занесувај се, не сум јас толку значаен колку што тврдиш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Кој сум јас?,“ повторуваше Рајнер со затворени очи, со очи вперени во огледалото, со очи загледани во мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
ФЕЗЛИЕВ: Ако некој навистина, во овој час, жали што е празен, тоа сум јас. И затоа, не чекај, бегај, бегај додека не се вратиле.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Качен на највисокото дрво, седнат скрснозе во највисокото гнездо, на челото со едра светулка, во миг ќе свикаше со занес и со горделивост: „Ова на челото е дијамантот од турбанот на дедо, а ова сум јас, златно клуче, златно клуче за сребрен катинар, јас сум пергамент, јас сум тркалезна буква, уште неодгатната“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„А ете, јас сум слушнала дека најголем дел од копитарите, ако не го излижат малечкото веднаш откако ќе го родат, ако не го обележат со својата плунка, со тој знак кој ним самите им вели: ‘Ова е мое, ова сум јас,’ тогаш го отфрлаат новороденото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една врба, јас сум јас Како би јадел тиква, кроасан, вол, прасе, слон и јајца со праз.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Марко на предното седиште, до возачот - а тоа ќе сум јас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога ви кажував за животот свој, ви реков дека би сакал секој човек да биде самостоен како што сум јас.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не сум јас толку засенет колку што ме сметаат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зоки и без тоа се плашеше по малку од Драган, зашто Драган беше некаков си извидник, а извидниците знаат да откриваат секакви тајни – а сега се исплаши и од другите деца, па се склупчи и рече: - Не сум јас. Нели нема да ме тепате?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Оваа вечер, подоцна, ќе ти тропнам со камче на пенџерето, или ќе ти свирнам, да знаеш оти сум јас да слезеш. Со мил поздрав твој Илија“...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тоа што не го гледате, а го слушате, тоа сум јас и ви зборувам далеку од вашите очи, скриен под врвот на планината во месноста наречена Мрак.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Ха, - промрморе кметот. - Не сум јас должен да хранам и да се грижам за туѓи деца.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Слушнав и не ми се веруваше во тоа што го слушнав. Па тоа е за мене... Тоа сум јас... .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Не сум јас ничиј прст ниту рака.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа сум јас, не мора да глумам такво нешто.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Краста (Кон Грета): И покрај ова што го виде сигурен сум дека сè уште не знаеш кој сум јас, но кога ќе пораснеш верувам дека ќе ти биде јасно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Немој, немој, добра сум јас, ништо не ми е“, продолжи мајка ѝ да шепоти.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како се случило сето ова што е околу нас?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа, сосема неочекувано повтори дека не е шега она што го рекол пред малку, дека постои можност да ја разјасни тајната.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кажи: имаш потреба да се скриеш од сѐ и од секого, ништо и никој да не те гледа, така ќе ти биде полесно да излезеш на крај конечно на крај на светот но барем кажи: тогаш сфаќам дека се претворам во некого друг налик на говорна фигура, и се гледам со очите на другиот и не сум сама, не сум јас ... кажи - очите на јазикот дебнат саноќ, дебнат везден јазикот е видовит гата, прорекува и се провлекува отаде времето кога му се испушта да каже нешто што не треба кажи: јазикот не е само јазик!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Како илустрација за пробивот на “лудилото” на тогашните театарски сцени накратко ќе изложиме неколку моменти од неисцрпниот Шекспиров човечки пандемониум.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Можеби И во мене навлегла заразата! Што сум јас тука? Месечар, лудак?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Добро де, не викај, што туку мене ми се дереш, не сум јас крива што Бак ти побегна – се навредив, се свртев и тргнав кон нивната куќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но стигна уште и да каже: „Јас тука ништо не можам“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Па после, кога ќе му речам, вели: - Де бе, Гонцо, де бе, Брезичке, ептен ми беше потребна гумичката, а ти не беше тука, инаку, знаеш ти, не сум јас таков.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кој сум јас, си мислам, да судам за човечките чувства и да ги исправам механизмите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Лично јас сум организаторот! Ако го барате него - овде сум!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ете лели со инаетлак татко ми ме фати, чекај да ме види што маж сум јас.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Што сака нека прави, си помислив налутено, негова беше идејата да го шетаме Бак, не беше моја.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Видете, госпоѓо, ми фали развод од таа од Србија, додуша тоа веќе не е Србија, повеќе е Косово“, ми се развикува работничката на шалтерот додека цел ходник ја слуша во чудо и живо ги интересира која сум јас по ред во низата, а и нервозни се веќе од чекање, па цупкаат во место и ц’цкаат со заби, желни за уште информации за мажот - чудо.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Под нивната сенка е еден гроб; тој гроб сум јас, кловн, и сонувам нож и крик на неа, сонувам две жени дојдени на таа замја од два чекори, да напуштаат и да бидат грабнувани.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Игбал, кој си ти? Која сум јас?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа, божем ми е мајка. А татко? Кој ми е татко? Која сум јас? Чија сум јас?” викаше Азра сѐ погласно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ме оплакува Мајка Додека сите вие пред прагот Со свиено колено Чекате да излезам и да ви речам: Овој облак од истрошен камен сум Јас Со зачувано Јас-тво Во самица.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
- А, малку ли е тоа?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Некој тука е жив, но тоа не сум јас.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
БОЖАНА: Што сум јас крива, та така ми зборуваш?...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И покрај тоа што знаев дека не сум јас виновна, така се чувствував.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- А, знаеш ли ти кој сум јас? - срипав како змија да ме каснала, зашто, со тие негови шест месеци цел живот ми ја вади душата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А, што ако сум јас болен, а ова е мојата болест?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Ја однесоа во Злетово на крштевка: Во црква Пресвета Богородица па свештеникот Богољуб на девојчето ѝ го даде името Радојка од кумот Ѓорѓи.. Тоа дете сум ЈАС!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не сум јас како тебе!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ама вие... - Миличок, мислам дека ни беше интересно. И на обајцата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- За ваквите каков што сум јас, микој не ќе даде ни најмала невидлива пара.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Не сакам ни да чујам, - викна Абраш, - ти реков, книгишта не ме интересираат, не сум јас „бубалица“ па да читам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кој сум јас за оваа машинерија за создавање непријатели, за да се осмелам го „рехабилитирам најголемиот албански непријател во историјата”, дури да го бранам неговото дело во докторска дисертација?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во твоите очи се наоѓа сиот свет, таму сум јас кога светот ми се руши....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Мајко божја, ѝ говореше. Не ли сум јас престар за да бидам твој син и Исус?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не се шегувам, пријателе Вртанов, не си во состојба да ги скриеш твоите заечки траги од ваков загар каков што сум јас иако не сме во времето на снегот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Еј, а кој е тој на кого толку многу му се допаѓа девојката, која изгледа треба да сум јас, а ете, одбивам да му подадам рака на давеникот, а давеникот изгледа си ти?“, му рече, повеќе за да го исфрли од рамнотежа одошто да го натера да го напушти заобиколниот пат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да сум јас на Ваше место... не би зборувал за оваа работа со другите.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Јас сум задоена со мирисот на хотелските соби на Вацлавак и, разбери ме Ема, ова овде е нешто друго, работата носи пари, но јас во оваа работа не сум јас.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Моето минато и мојата сегашност, тоа сум јас.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Луѓето знаат дека се луѓе, на вакви, каков што сум јас, има по неколку илјади поинакви.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Не сум јас ни овца ни волк...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Твое си е, ти си го лижел. - Не сум јас, јас не оставам парчиња!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Впрочем и не би можел да не се помамам по зелената боја кога таа не наидува туку извира од мене, од срцето ми извира, од сржта на она што сум јас.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Смири се душо, тоа сум јас. - маската на нејзинито лице ѝ оневозможи веднаш да ја препознае својата тетка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можеби сакаше да ми рече: види каков сум јас, светол и жолт како мало сонце: Потем запеа.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Но не плаши се, не сум јас побунет роб.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога се исправив, низ солзите што ми ги беа преплавиле очите од големото напрегнување, видов жолти очи зад затвореното прозорче на бањата, а потоа сенка што бргу исчезна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Добро, лага е она што се тврди дека некогаш сум изјавил оти кревам рака штом ќе видам јаболко на гранката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам, колку сум јас млад, а Пакистан го трпи 28-иот државен удар.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се сети дека сум девојка на место што туку така нема да те остави како да сум јас некоја испустена, најдена на патот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Лена тогаш не знаеше во кое својство сум јас таму.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И ништо не ја возбудуваше: ние ќе ѝ покажеме камена птица што лета Таа ќе речеше: да, тоа сум јас, - Прица во окото на сонцето...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Зашто, кај што сум јас, тука е темнината, а кај што е мојата сенка, мојата душа, таму е светлината.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Немее птицата меѓу ребрата вгнездена, Тивнеам и јас во ноќта ѕвездена, Што сум јас без птицата, што таа без мене, Двајцата замолчени, онемени, приземјени?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Што мислиш ти, каде треба да сум јас?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Раскажи му го“, ѝ велам, „тоа на некој друг, кој е поупатен во тие нешта“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Целиот свет на грб можам да го кренам и да го носам, Луцијо, само за тебе; не сум јас толку слаб како што ти се чини, Луцијо!“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не сум јас никакво јајце за скитнички супи, еден да ме продаде а друг да ме купи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не сум јас чорбаџи Теодос. Јас сум Доцко, кум Доцко, кум Давадос, цигански кум...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Како ги служам сите така и нив. На крајот на краиштата, знаат ли тие која сум јас.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во првата случка, како што е вообичаено да се вели, главната личност сум јас, Г.П. - возрасен човек што се труди секогаш да ја кажува вистината.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Го давам... Клечам... Му се забивам сред месиштето... Тоа сум јас... Тоа се лигите...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А и јас работата си ја оставив несвршена. (Излегува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Најсвеж и најголем успех ми е што ги положив пролетва приемните испити за средно училиште, и тоа со најголем број поени, па Лондон некако ми дојде како награда и круна на моето макотрпно учење.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Најпосле, некој откри која сум јас.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Како е да сум јас Со твојот поглед го скрши моето огледало.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Изговори зборови на решеност и, се сеќавам, уште тогаш, и зборови слични на оние за кои му замерив во едно писмо, а за што тој, еве, пишува и во ракописов, зборовите како: Не знаете вие кој сум јас!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Мамо, дали сум јас кич дете? – ја прашав мајка ми кога се вратив дома од „комплетниот пансион„ во Влае.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе речете: Величествена гозба: Вдахновението Совршенството Смртта и Ти: Принесениот На Трпезата. зборовите Пеат и молитват Во мојот храм Зборовите што ги Оживувам. тоа што ќе пропее Тоа што ќе пропее И тоа што ќе полуди Тоа ќе да е мојот глас Тоа е ќе да сум јас? засек Остер нож. Убод. Рана.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Тоа ќе се влече по нив, ќе моли да цица, но мајката грубо ќе го оттурне. Ќе го осуди да умре од глад.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И си мислев јас: мајката, ете, јас, простиот од најпростите, чиј ли сум пријател и чиј ли сум јас непријател?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ако беше и ти толку среден колку што сум јас, и ако постапуваше така како што јас постапувам, или, да бидеме најдиректни, ако беше ти на моето место а јас на твоето, веројатно ќе се однесував како што ти се однесуваш: неодредено, фриволно.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Планината, каде што е мојата душа, сенката моја е исток. Онаа на којашто сум јас е запад.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Без еден од нас, ниту јас сум јас, ниту тие се тие. Без еден, не постоиме тројцата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не сум јас од тие, ѝ велам, на погрешна врата тропаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури двапати ми спомна дека на здрав пораснат човек каков што сум јас таткото може да му биде пречка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар неа да ја увредам? Па таа двапати идеше во Стрелеско кај мене дома да ми носи апчиња. Не сум јас без осет.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- и си излезе од собата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Те дрма пубертетот, Бреза, тоа ти е тоа, лутела – нелутела, исто ти се фаќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сака да се извлече... ѝ ја рашлакувам муцката... Ѝ ја затварам устата со дланките...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Всушност овие луѓе со кои сум јас се тие на кои оние им ги лижат стапалата и газовите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во жената сум јас целиот и со душа и со тело.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ѓубре сум јас!
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Што дали си ти? Кич дете! – се изненади таа. – Кој ти го рекол тоа?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Отец Симеон се насмевнува. А ако сум јас таа порота? Ако сум јас, што тогаш?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Зошто? - Затоа што сум јас од Долно Дупени, - Тоа може да ти се откачи махинално, од некоја длабока потсвест.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сега сум јас на ред, изгледа, а тој тоа едноставно го објаснува со еден единствен збор: пубертет.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И ме гледаше како да не сум јас.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Да не сум јас одредена, таа крв, со својата крв да ја вратам, И си мислам, дали и мојот глас ќе се јавува, ноќе, во долот и ќе ги потплашува луѓето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе избришете се и тогаш ќе ви остане гола среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не сум јас, човек, Ритон, вљубен во друг човек, туку човек вљубен во авантурата, која што никој друг не беше во состојба самиот да ја изведе.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ти си светец, а што сум јас? Сосема обична.. .
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ах, Аљоша, ако ти не беше таков и толку нагнетен само со самиот себе, до одвратност, до темнина, ти, веројатно ќе видеше што направи од мене во овие последни години и во каква состојба сум јас сега.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не би ја сменила мојата болка за лажна среќа, болеше, бев разочарана, плачев хистерично, чувствував неподнослив страв, беспомошно се обидував да го смирам скршеното срце, но смиреноста дојде насекаде околу мене, сега се е богатство од спомени, тоа сум јас денес.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Никогаш не сум правела работи по секоја цена исклучиво за корист, тоа не сум јас.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
ПОЦКО: Ама не бива така, чорбаци Давадосе, да се пишманиш! Срамота е!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ако овој се обидеше да му каже нешто, да го замоли, тогаш се рашируваа малите очи на сопственикот и тој со повишен глас го прекинуваше работникот: - Ајде, ајде, не сум јас добротворно друштво...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јас, всушност, често се чувствувам збунета: голема сум или мала, што сум јас, која сум јас?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас со љубопитство наслушнав бидејќи во последните денови нешто слушнав за овој Тарасевич - соблазниво и тревожно во највисока мерка.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А на ова кадро, тој тука сум јас.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Мозок, мозок сум, нели?“ Се пресегна и ја отвори десната врата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Само се насмевнав: „Е, како да сум јас онаа која ги распознава мивките од чесните жени па дојде мене да ми го раскажеш тоа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Некогашните и современите писатели стануваат наредени под знамињата на своите нации, татковината на Монтењ станува против татковината на Кант, па затоа е сосем природно што еден француски студент, запрашан за препородот на националното чувство, ќе напише: „Истрезнет од занесот во кој ме фрли веќе првото читање на германските и словенските писатели, сфатив дека сето тоа е мошне убаво, но дека тоа не сум јас.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Овој тука, сум јас. Многу бевме. Од цела Грција.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Што јас работам овде во оваа балканска дупка?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа сум јас.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Најдов сила да простам, во моето срце има место за една љубов,дојди и кажи ми една добра причина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Шестиот сум јас. Другарите ме викаат Јоле Дедин.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Што, што сум јас? полека исцеди од себе. - Крадец!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вешто едрење низ животот со насмевка која сѐ уште ми лебди на усните, полна со немир да го дознаам крајот на мојата приказна, но има уште многу што да се проживее пред да знам каков ќе биде крајот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А тоа, лошото досадно внуче постојано тоа па тоа: „Раскажи ми та раскажи ми!... “ - Не сум јас таков, јас не сум тоа дете! - наеднаш со плачен глас прозбори Васко.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Веруваше дека ако замине што подалеку од градот во кој толку нешта го уверуваа дека не знае кој е, ќе успее да го најде средиштето на своето Јас. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во Наташа се разбуди искра надеж: дојде до некаков контакт, некое разбирање; но сето тоа се беше случило само во човечкиот дел од свеста на старецот, оној што исчезнуваше; само оттаму допре тој кревок знак: „не сум јас“; а внатре... внатре... во длабочината на неговата сегашна душа, тој знаеше што е со неговото „јас“; тоа стана трепет од непостоење и цицање крв. 74 okno.mk Поради тоа неговите зборови не го променија неговото однесување; изговорувајќи ги, тој неумоливо се приближуваше до ќерка си... и се впи во неа: Наташа ја загуби свеста.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Јас сега настојувам да го востоличам она за што верувам дека сум јас самиот, во она за што верувам дека е срце на другиот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа мене конечно ме увери дека сум јас во право.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едната сум јас, а другата не ја знам.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Изгорена сум јас, горам по тебе најмил, илјада ѕвезди симнувам додека чекам, и чекам и... ...чекам...
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Дали сум јас толку суетна или навистина никој не се снаоѓа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Е, што не сум јас Крале Марко? - зажали Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Не сум јас наредник во полицијата“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но само така знаев дека тоа сум јас, јас која грешам и ги исправам грешките, јас која простувам, јас која сакам и се обидувам речиси секогаш да ја кажувам вистината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Секако, тој не е така единствен како што сум јас ...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Среќен е колку што сум јас несреќен заради тебе, брате Јоване.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Што сум јас виновна што запознав толку луѓе, се дружев со нив и одев на журки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Она што секогаш ги надминува моите 182 okno.mk грижи е тоа што сум јас вистински заинтересиран во цртањето и зошто уживам, а не за да го спасувам светот на фонт-дизајнерството”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Еве, еве сум јас, ако ви требам!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Зарем сум јас првиот гостин?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Навистина , - си прошепна сега себеси, - зошто ли сум јас вака сам. Зошто ли?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Да, тоа сум јас“, помисли.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И тој, кој ги предвиде и изнесе сите можни мерки, пак сум јас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Собата е напластена од дим и од твоето вознемирено дишење, мислиме – ова е брзо, пребрзо, а неговиот глас разговетно продолжува: - Но тука сум јас . . . и шахот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И пак, предавајќи му се на занесот, знам дека тоа не сум јас зашто подадениот празен ракав лелеаво ме допира, ја тргна сенката од моите очи, ме враќа на оној свет на кој му припаѓам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но, ако е тоа така, тогаш не ми е јасно зошто јас сум андер­граунд, кога мојата единствена желба беше луѓето да ме забележат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)