сум (гл.) - свесен (прид.)

„ Јас сум свесен за својот идентитет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас сум свесен дека душманлакот е пред сѐ индивидуална категорија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Има луѓе кои го пренесуваат лесно душманлакот на други, на трети и го шират како зараза меѓу луѓето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Излегов како и да не сум свесен за тоа, како пасивна сенка на тоа тело што се симнуваше на перонот, сè додека не се разбудив пред она што допрва требаше да следи, пред завршниот двоен избор кој неповратно ќе се исполни.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јас сум свесна за важноста на организацијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Драго ми е што децата не се тука и поради една моја бесрамност за која, макар колку да сум свесен, ја продолжувам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Инаку за цело време сум свесен дека на пример со жена му на Симета сум спиел.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Гронинг: Понекогаш.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Поголем број на деца немаат пристап до медиите и не можат да го привлечат националното внимание, но сигурен сум дека тоа се случува многу почесто отколку што сум свесен. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Многу сум свесна дека по смртта нема ништо, нема друг живот, дека е тоа крај за оној што си оди.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Вистината е дека тоа чусвтво кај него само се нагласило, зашто веќе си постоеше, сега сум свесна дека постоеше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потем Луција праша дали сум свесен што сум напишал.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Тоа беше еден сосема друг свет, уште не сум свесна што беше, што сѐ видов и што сѐ доживеав, ми се чини понекогаш дека само сум сонувала.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Меѓутоа, јас сум свесна дека тоа е тест кој можат да го поднесат само најсилните.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
ИЛИЈА: Не! Јас сум свесен и од народноста не правам партии.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Секој вид неприродно однесување може да се протолкува како губење на самодовербата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како на оние циркуски точки на маѓосникот, кога ќе ни ја донесе водата до усните па ние дури и сладоста ќе и ја почувствуваме иако водата никогаш не втасува до грлото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност со несигурни чекори се движам низ просторијата во која владее насилничкото расонување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само што овој пат сум свесен дека збрканоста престанала да ме води!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во секој случај, иако сум свесен дека станува збор за умешни прелаги јас им се препуштам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Напротив, моите задолженија бараат постојана будност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А притоа сосема сум свесен дека местото што го заземам, работата што ја извршувам и обврските што ги имам не трпат импровизации и сомнителни постапки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со мене низ просторијата шетаат и зборовите на неуморниот иследник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вие ме раните, а јас ве лаам. (Борис почнува да плаче.) Вие цел живот се борите за мое добро, а јас не сум свесен.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ова може да се разбере на два начина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Накусо, јас сум свесна за натрапничавиот карактер на моето барање, но се надевам дека вие ќе го прифатите со порустливост и симпатија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Забележав дека и денес, веројатно без да сум свесен за тоа, повторно ми шета низ размислите оној необичен збор Грофот што се наоѓа придодаден кон името на мојот иследник.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги прошетувам низ мислите сиве овие прашања а знам дека се потсмевам на самиот себеси бидејќи сум свесен дека всушност јас и не се трудам премногу за да најдам објаснување за причините што придонеле да заскитам во лавиринтот на настаните.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност влегов во една игра (наеднаш дојдов до ова сознание) влегов во една игра за која не сум свесен како се игра и каде ќе ме одведе!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа во еден момент на просветеление се обидов да се измолкнам од оваа моја дивоградба; но навистина не бев сигурен колку држеше вода она подоцнежно настојување да го каширам тоа што го бев веќе извалкал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знаев дека станува збор за прекар. Но од каде? Зошто?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа и се служи со некои посебни зборови Нејзината проѕирност ја чини сосема отсутна Но јас сум свесен за илузијата коси Или лажовното чувство На допири на прсти; Шепот на усни што знаат да ти ги наполнат ушите Со зборови ископани од морски школки Или залутани вокали од древните записи на веќе Непостоечкиот вилински свет.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Што се однесува до срамот - За него одамна сум свесен Но кога е во прашање творбата Не сум сигурен дека од кал сум замесен .
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Не сум свесна за ништо друго освен за ужасната болка; немирното, но ужасно болното тресење на телото, тоа кобно тапкање на лудиот хирург по отворената рана на мојата душа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Па како тогаш да ѝ се препуштам кога однапред се плашам дека може да ме занесе онаму каде што не сакам?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Изгледа дека сепак е поумесно наместо на науката да му се препуштаме на причинувањето иако сум свесна дека станува збор за некоја непозната патека на прелагата по која немам сили да зачекорам?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се обиде, сепак, да го задржи вниманието врз натамошниот тек на излагањето на Сретен Јаворов: - Јас сум свесен, другари дека реализирањето на овие проекти ќе бара големи жртви.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со еден збор отворено му се ругам на мојот потчинет, иако сум свесен дека она неуморно демонче демне над секој мој неизречен збор, го лови со акробатски скокови и му го поднесува на мојот потчинет на начин што јас не можам да го одгатнам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)