сум (гл.) - тука (прил.)

Просто не ме слуша. Како да не сум тука.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Јас како воопшто да не сум тука.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не само како да не ме слушаат туку и јас како да не сум тука. Не, како моето тело да не е живо.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Јас сум тука домаќин, а не ти!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Гледај чудо, излегува дека јас сум тука за да ја вратам во Маказар омразата на вековите, кавгите и клетвите, убиствата, безмалку крвната одмазда на времињата минати.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дајреџијата му се внесе во лицето, целиот насмевнат и блажен, како да сакаше да му каже: „Ништо ти, комшија, не бери гајле, јас сум тука, јас ќе те одведам дома...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И јас сум тука роден. Прв пат ли идете. - Прв пат бев пред 38 години. Кога се родив!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А потоа се потсети, „По Ѓаволите, Њу Орлеанс, уште сум тука.“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„А јас сум тука ставен да те пречекам и в зори, кога ќе дојде вистинското време, да те поведам таму кај што треба да одиш, оти никој никогаш не е подготвен осамен да лута низ пустите простори на својата вечност“, му рече старецот со утешителна насмевка.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Младешки стравови“, си помисли, фаќајќи го повторно перото: „Браќа мои, седејќи тогаш со вас, јас ви кажав дека сум следбеник на учењето на Христа, она што многумина го нарекуваат секта, зашто знам дека така најдобро му служам на Бога, а тој Бог е оној истиот на нашите татковци, та јас сум тука не заради неверување, туку напротив, заради искрената верба во сето она што е запишано во Мојсеевите книги и во книгите на пророците.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Македонецот сега ја исправи брадата и со некаква смиреност во очите и на усните ја извади волнената капа од главата и погледна кон масата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Галебите бели крај море од понор далеку ќе бидат со гостинка СОЛЗА ќе го свртиш светот Од умот твој со скршени џамој, јастреби ќе вивнат Јас не ќе сум тука, далеку ќе бидам...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Јас сум тука, Да ти кажам, „животот е убав“ и со мене и без мене...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Роса само ме гледа, ко да не е тука, ко да не сум тука. Очињата ѝ се црвенеат ѝ сѐ нешто си зборува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Денес сум тука, шарено пиле, утре ќе одам, утре ќе одам млад партизанин в Славеј планина.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
- Строго службено сум тука. Во својство на старосватица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, ете, сега сум тука и нема враќање.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Само кога тие сакаат да сум тука, тогаш треба да сум тука. Инаку не.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Љубовта за тебе ја собрав од ѕвездите, за да ти свети секогаш кога не сум покрај тебе, Јас сум тука некаде, околу тебе.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Јас го правев тоа со страст што ме опијануваше, шмукајќи ја првин едната, а потоа другата брадавица, апејќи ги цицките чие менување на облините го чувствував на површината на усните и јазикот, кој застануваше на места за потоа одеднаш да направи свиок со врвот, да притисне, да потсети дека јас сум тука и дека таа игра не е надвор од мене, дека таа е дел од моето рацио, дека знам што правам и дека знам зошто го правам тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
ТРОШЧЕЈКИН: (се готви да излезе налево) Јас, во секој случај, не сум тука.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ЗАФИР: (Додека девојките пеат).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Денес сум тука, утре ме нема, оти ќе одам туѓа туѓина...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Коцка Кога мислиш дека сум тука, си одам.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Ако во мене е ноќта, некаде е ден, Ако не сум тука, некаде сум занесен, Некаде восхите, некаде вознесен Ако не сум тука, некаде сум присутен.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
„Јас не сум тука за неа“, велеше Тате.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Еднаш Тате ми рече: „Мајка ти со мене постапува понекогаш како да не сум тука -- како да сум на некој начин невидлив.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Ете, - доврши човекот - четврти ден сум тука.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Уште не разбирам зошто сум тука.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
КИРО: Штом сум тука. Што сакаш?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЕЛЕНА: Сите се зафатени, никој ништо не работи. (На Михајло) Каде беше досега? (Пауза) Ти си (Пауза) Јас сум тука. (Пауза) Простете господа (Излегува. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
КИРО: Нема зошто. Јас сум тука.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МАТЕЈ: Мислиш? (Пауза) БОРИС: Е па добро, ајде сега вие, правете што ќе си правите, не гледајте ме мене. Како да не сум тука.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Меѓутоа некако се чувствував како да сум тука за да ги забавувам и да го пополнувам времето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Да, знам, затоа и сум тука...!
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Татко му го задеваше заради тоа и мене подмолно ме боцкаше, велејќи му нему дека ќе му најде друга девојка за дружба ако јас не сум тука.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)