суреди (гл.) - во (предл.)

а абер – вест, порака авур и ар – штала, просторија за чување добиток ага – виден граѓанин од турското население агалар – аги Агарјани – старовремено име за Турците адет – обичај, навика азно – благајна; благо, богатство аир – полза; добро аирлија – среќно, благословено да е акшам – приквечер; вечерна молитва (од петте вообичаени молитви, четвртата по ред) алајка – слугинка, прислужничка, обично робинка на богата жена Аламанци – Германци (според турскиот јазик) „алатурка” – по (на) турски (начин) алах и ала – бог алашвериш – давање – земање, купување-продавање алипен – сакат, инвалид анама и ханума – госпоѓа, сопруга, жена од повисокото турско општество анани ана – псовка (мајче мајчино) анасена – псовка арамбаша – главатар, водач на разбојници
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да се подмлади ли пред нив со раскажување за Негушкото востание од кое, и со негова заслуга, се тргнала од слатка дремка султанската земја во која везирите и пашите, не само Лобуд и Јанински туку и сите други што не ги знаеле, помодрувале?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но затоа пак Арслан ги собра со себе новите бегови на Мариово Јунуса и Рифата, им ги искина повелбите што им ги даде скопскиот беглер-бег и патем за Цариград ги суреди во воденските клисури, и си отиде во Истанбул да си го заземе своето високо место покрај силниот Велики везир – Србинот Мехмед Соколовиќ.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но на забрадените чавки им било важно да ја суредат во туѓа куќа Фиданка Кукникова и најпосле да ги задржат мажите крај себе ноќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)