суши (гл.) - грло (имн.)

Го суши грлото.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Почувствував како ми се суши грлото. Се закашлав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Треската го влечеше во непознат мрак и му го сушеше грлото на чие дно лежеше неговата смеа искината на парчиња.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Почувствува како ѝ се суши грлото и устата, па со неколку полни голтки се поврати и го разбистри видот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Молк. Слуша само грмежи и чувствува како и се суши грлото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Болна си?,“ праша. „Болна сум,“ излажав. „Јас ќе те негувам,“ и ме прегрна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Басот трепери, звучниците пуштаат молњи од кои ти се суши грлото.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)