сфати (гл.) - во (предл.)

Цел живот залудно се обидував да сфатам во што битно е осмислен животот, каде е и што е тој, и дури откако докрајчи патот ја осознав таа вистина дека тој е тука, точно во овие коски, кои гризејќи се сами себеси - го изгризаа и него.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тој опишува како неговите сопствени перцепции се енормно повишени откако пуши марихуана: како уште од самиот почеток на уживање на марихуаната сфатил во колкава мерка станал осетлив на сликите на различните уметници како што се Кле (Klee), Сезан (Cesane) и Рембрант (Rembrandt) и како ова посебно доживување под дејство на марихуаната, еднаш доживеано, останало во нормалната свест, иако неговата нормална свест сега има многу поширок опсег.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ненадејно, сфати во што е работата. Човекот умираше од глад.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се чини, типчето веднаш сфати во што е поентата, се разбира дека имав мобилен и штосот со фиксниот значеше дека ако е фаца од естрадата може барем да биде џентлмен и пред да ми го побара бројот, барем да ме праша како се викам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Многу е необично што постои еден акт во околината на Филаделфија, во проyирен плексиглас, на кој значајните точки на телото се исто така обележани со дупчење; оваа постапка требаше да му послужи на Дишан за пренесување на цртежот во барелјеф, во пергамент на сомот од колекцијата на Нора Лобо. 14 E. Panofsky, The Codex Nuzghens and Leonardo da Vinci,s Art Theorz, War- burh, Лондон 1940. 15 A. Einstein, La Relativite, Paris, Payot, 1956, стр. 15 и.т.н. 16 Jules Laforgue, Oeuvres completes, I, Les Complaintes, Paris 1952, стр. 177. 17 Introduction a la methode.., оп. цит., стр. 171. 17 бис Статија наведена во 4. белешка. 18 Paul Valery, оп. цит., стр. 171. 19 Ибид., стр. 239. 20 H. Poincare: Analysis Situs, 1985, La Science et l,Hypothese, 1902. 21 E. Jouffret, Traite elementaire de Geometrie a Quatre Dimensions*, Paris 1903. 22 Howard Hinton: A New Era of Thought, London 1910; The Fourth Dimension, London 1910. 23 G. D. Paњloњski, Voyage au Pays de la Quatrieme Dimension, Paris 1912. 24 P. D. Ouspensky; Tertium Organum, A Key to the Enigmas of the World, објавено на руски 1912, англиски превод од 1921, Лондон. 25 Valery, оп. цит., стр. 251. 26 Valery, оп. цит., стр. 255. 27 Од ова гледиште, ако Дишан е закана за концептуалната уметност, концептот би требало да се сфати во смисла на маниристичкиот цонцетто, кој во исто време е особина на духот и апстрактна схема. 28 G. R. Hocke, Die Welt as Labyrinth, Manier und Manie in der Europaischern Kunst, Хамбург 1957, стр. 123, француски превод во оп. цит., на Cornelius Heim. 29 За проблемот на катоптичките машини види и: Jurgis Baltrusaits, Un Mussee des Miroirs vo Macula, 2, 1977, стр. 2 и така натаму. okno.mk | Margina #3 [1994] 23 Вилијам Анастаси ДИШАН НА ЖАРИЕВАТА ПАТЕКА Постои голема мудрост во обликувањето на нечија душа според онаа на некој настојник.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Изразот солипсизам овде треба да се сфати во контекст на приматот на Јас. 21. E. Husserl ‘KARTEZIJANSKE MEDITACIJE I‘, цит изд., точка 44, стр 116. 22.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Можеби проблемот на женската философија се уште не е потполно сфатен во една извесна смисла, бидејќи не постои едно „ние“ (и можеби никогаш и нема да постои ) за да определува што тоа самото е.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
По извесно време овде сфатив во што е финтата: за да не шизнеш скроз, треба у старт да си одбереш некој узор во животот, па кога ти е тешко, да се тешиш дека нему му било уште потешко.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Есејот беше напишан за една ноќ, со многу вино, што може да се забележи, според наместа неповрзаните асоцијации; јас и денес ги гледам тие места, но не ги коригирав, за да можете да сфатите во каква емотивна состојба сум бил тогаш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не можев да сфатам во што сум живеел, во каков кафез; не можев да сфатам дека таа лажна граница на космосот што ја поставаат системот, политиката, општеството, сведувајќи го целиот раскошен космос на три зони: секс, политика и економија, може до толку да ги затапи сетилата на човекот, та овој да престане да го гледа невидливото: подвигот, она зад онаа страна на нештата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сфатив во тој миг дека нему не му е толку многу до тоа да не ме караат за велосипедот, туку да не му ја расипам идејата што му се чинеше многу возбудлива, па решив во негова корист. Премолчав за велосипедите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми ужас ја фати од мојата приказна и рече дека ќе побудалела од страв да знаела каде сум и што ми се случува, а татко ми додаде: - Наша грешка е што имаме премногу доверба во нив и не ги контролираме построго.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Најпосле, ако не можете да сфатите во што е работата, оставете ме на мира да бидам малку сам и да не ги гледам вашите муцки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Судијата сфати во каква состојба се наоѓа жената и ја остави да ја искаже целата своја мака.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Откако се сместија во авионот и кога сфати во какви околности патува кон својата земја, на Марија ѝ се стегна грлото.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Највозвишената глетка што се издига над политичките превирања последниве години - изразот „возвишен“ треба да се сфати во најстриктна кантовска смисла - без сомневање е посебната слика од времето на насилното уривање на Чаушеску во Романија: побунетите мавтаат со знаме од коешто е исечена црвената петокрака, симболот на комунизмот, така што на местото на симболот кој го претставува самиот организациски принцип на националниот живот немаше ништо освен дупка во средината. Маргина 37 9 Маргина
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓутоа, треба да се разграничи меѓу оној вид геј-култура што се состои од нови дела од (во случајов) геј-мажи што за првпат во историјата непосредно, отворено и експлицитно се осврнуваат на машкото геј-искуство како што се живее, односно како што може да се живее (или можеби се одживеало), од една страна, и оној вид геј-култура што паразитира врз главнотековната култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За разлика од нив, дрегот, кампот и разните културни присвојувања и идентификации се, строго гледано, поткултурни практики, доколку се во зависен, вторичен сооднос со претходните негеј-културни облици на кои реагираат и на кои им го должат самото свое постоење – какви што се општествените норми за мажественоста и женственоста, сериозната професија политичар, автентичните идентитети и емоции, главнотековните ликови како Џуди Гарланд или Џоан Крафорд и главнотековните естетски или општествени практики, од операта, бродвејските мјузикли, сентименталните песни и популарната музика, до архитектурата, историското зачувување, цветното аранжирање, модата и стилот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Списокот на оригинални дела од геј-мажи што за поаѓалиште ги земаат стрејт-општеството или главнотековната култура може да се проширува речиси бескрајно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разликата меѓу овие две верзии на машката геј-култура може да се сфати во смисла на поширока разграниченост (иако, одново ќе кажам, нехерметичка) помеѓу културата и поткултурата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Второво во негеј- светот наоѓа претстави што може да се претворат во изрази на машкиот геј- субјективитет или чувство – со малку дотерување, ако мора – и кои им овозможуваат на геј- мажите имагинативно место за влез во некаква настрана утопија, некаде отаде виножитото, која не е сосема нивна творба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не може да сфати во кој свет таа живее.  „Скоро ќе има војна”, изговара на крајот Хана.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)