сфати (гл.) - свој (прид.)

Треба да се потрудите да ги сфатите своите родители.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Откако еднаш ја сфати постојаноста и бескрајноста на таа прошка и големината на Неговата љубов кон човекот, тој се смири во вербата. Eднаш и засекогаш се покаја за сè и тогаш, во физичкото слепило ја сфати својата духовна кусогледост.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, само што одјаваа - момата стреснато се тргна, ја сфати својата кобна грешка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Браво! Браво! викна мајорот. - Најпосле ја сфати својата грешка... Браво!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Едо го сфати својот пријател.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во тој момент ја сфатив својата истоштеност, како и депласираноста на својот лиризам.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во главата му лежеше тежината што му пречеше да се отрезни наеднаш и да ја сфати својата положба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ние така ја сфативме својата работа и мислам дека постапивме правилно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)