тагува (гл.) - по (предл.)

Си седат дома си, во дворовите, и тихо и задумани тагуваат по заминатите, стискајќи ги во пазувите нивните последни писма и фотографии.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Марко спиеше по цел ден на фотелјата покрај твојот кревет, чувствуваше дека те нема и тагуваше по тебе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Тагував по моите што отидоа пред мене, сега, заедно со нив, тагувам по вчерашниот дом.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Најпрвин не знаев дали тој тагува по тие што отидоа или заради тоа што тој и не е со нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А ќе дојде, сигурна сум. Веќе тагува по планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Една негова солза, пладневно врела, ми капна на чело.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сонцето можеби тагуваше по априлските мигови.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Орлен Шумков беспомошно ги рашири рацете. „Кој каде. Борис Калпак пие и пее со својот булук.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не пее но пие и Онисифор Мечкојад. Тагува по својот вујко а помагаше да го обесат. Сега си ја мие душичката со ракија.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не тагувај по никого. Баба Петра е на пат за Македонија, ќе те чека таму да се вратиш.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)