талка (гл.) - и (сврз.)

Уморно и тешко талкав и се качував по угорницата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Слушаа луѓето и во чудо се прашуваа: Како, низ кои далги, низ кои витли, низ какви крточини талкал и стигнал во далечната земја нивниот бик.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Откако добро се најаде, си се врати во своето дувло и го посматраше од зад една грмушка лесноумното кутре како талка и пати осамено.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ме личеше тогаш, бев млада. Ми се талка и сега... ноќе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Каков ли изрод сум штом сакам да талкам и освојувам души, а за мене задржувам само една.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)