текне (гл.) - тогаш (прил.)

Ми текна тогаш: „Ја сечам гранката на која седам“!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И што не ќе ти текне тогаш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некои додуше само културно ќе се заблагодарат што си им се јавил, некои ќе ти напомнат дека ќе те имаат на ум кога ќе им затреба, а некои велат дека баш пред недела дена сум им требал и штета што не ми текнало тогаш да им се обратам.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)