тепа (гл.) - кокошка (имн.)

Навистина сермија: брашно, маст, сирење, овци, кози, па и понекое говедо отиде, но главно од зулумот ова село се спаси.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Место сами аскерите да фаќаат и тепаат кокошки — им вареа и пржеа самите домаќини; место сами да колат овци, кози и говеда — коџабашијата нареди луѓе за таа работа, кладе казани на сретсело, одреди фурни за леб, а јузбашијата лично им делеше таим на аскерите, со кое овие беа доволни дури и предоволни, добивајќи два трипати повеќе јадење од она што го добиваа од царот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)