трае (гл.) - работа (имн.)

Утредента, квечерината дојде дома и му рече на дедо: - Дедо Крсто, ние вчера арен муабет си сторивме, ама не рековме колку време ќе трае работата?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Иако, додека траеја работите, постојано боштеа дека нив не им е потребна чешма, зашто тие немаат добиток што да пие од неа, туку добитокот е спахиски, но после, кога ја подигнаа, со три тулејќи и со корито на кое одеднаш да можат да се напојат и педесет грла, не можеа да им се изнаблагодарат на Дамческите - тие, христијаните навистина немаа свој добиток што да пие од неа, но таа, чешмата, беше нивно дело.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)