трае (гл.) - прв (прид.)

Го викаа Штука, а тој правеше фодулок со спортските панталони до коленици и тука собрани, сошиени од војнички штоф, и во италијанските шкарпи и чорапи високи по цеваниците и сѐ друго војничко и прекроено на себе. Тоа траеше првите години на војната.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Цел ден, дури траеше првата есен, новопечениот трговец седеше надвор опчекорен на дрвена клупичка и играше дама.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)