тргне (гл.) - напред (прил.)

Куле го зеде Димета со себе, Андон детето, а Мирче и Толе тргнаа напред пред булукот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Несвесно Соколе се побара по џебовите за очилата, да види подобро, но веднаш се сети со кого е и тргна напред.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Нему му се потребни најмалку дваесет години да создаде нешто ново- различно од тоа што бил дотогаш, да направи некоја своја нова историја, за да тргне напред.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- В црква да ми го донесеш- рече Петре и тргна напред.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И, да тргне напред.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Најпосле кадијата даде заповед врзаните млади луѓе да се потераат од извесна група сејмени за Прилеп, а другите да ја соберат стоката, да ја натоварат пљачката на селските коњи и магариња и да тргнат напред.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И дури стариот да се заврти и да ѝ даде ишарет да не кажува, оваа наеднаш се испушти и му рече на војникот: – Море, пусто да остане и чешмичето, ами ако е за него, елате по мене, јас ќе ви го кажам, не дека е далеку!!! – и тргна напред преку дворот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ако не наведнеш става каменот не ќе го дигнеш, ако не тргнеш напред никаде нема да стигнеш.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сакаше да се врати, но се сети дека ќе биде сомнителен и ќе направи уште полошо; затоа смело тргна напред преку мостот и почна да си свирка со устата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)