тргне (гл.) - натаму (прил.)

Сега слушнав крцкање на скалите зад мене, зад затворената врата. Се свртив и тргнав натаму.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ти си рекол страната што оди наваму, на исток, неколку милиметри да е пониско кладена и водата првин да трга наваму и дури кога ќе се пренаполни ваму, дури сетне да тргне натаму“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие застанаа двоумејќи се за час дали да тргнат натаму.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Во Брезница одиш понекогаш? - Ни умот не ми се тргнал натаму откако ме зеде месје капетанот за терџоман.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но, немавме време. Тргнавме натаму.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)