тргне (гл.) - пак (прил.)

Поседе мирен една две недели, се понајаде, понапи од Трајковата ракиичка и винце во пријатно расположение со убава млада руса невеста, го дочека по вторпат Трајка од колибата, пак заедно се нагостија и напија, та дури цела ока канатларски тутун му даде да си понесе кога тргна пак на колибата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одвај ја дочекав пролетта. Тргнавме пак на печалба во Белград.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Можевме ли да бидеме толку избегани од умот и да тргнеме пак да страдаме?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Побрзај, те молам... Ја тргна пак гласот на Драган. Сашка како да се исплаши, затрепери.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)