тргне (гл.) - пешки (прил.)

Затоа, штом се симнав од валканиот воз и минав низ Железничката станица, една стара зграда што и по својот изглед и амбиентот недвосмислено потсеќаше на последните романтично утописки денови на грофот Толстој, без нервоза тргнав пешки низ паркот што започнуваше веднаш тука, едно дваесетина метри подалеку од станицата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Девојчињата со одушевување ја гледаа, а и тој го помрдна мустакот, небаре Клерк Гебл... и тргнаа пешки, преку пруга до Лисиче.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И тргнав пешки пополека на лентата, дури многу бавно, ама набргу чекорев сè побрзо и побрзо, како во Истанбул пред крај на пазарување, кога имам уште пари и не знам што побрзо да купам, а автобусот само што не кинисал.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Барав овде да ми изминат часовите до тргнување на возот, но ресторанот бргу се испразни па и јас повторно се најдов на улица и тргнав пешки кон Ахенската станица.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)